Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pozar-ularci120.06.2013 Пожар во средата доцна попладнето пеплоса 7,6 ха плодно земјиште. Парцелите лоцирани во близина на Уларци, од левата страна на селото имале тројца сопственици, а биле засеани со пченка, овес и пченица.

Во гаснењето на огнот учествувале селаните. Се организирале сами и за час и половина успеале да го локализираат пожарот.

Се претпоставува дека го предизвикал човечки фактор, иако вистинските причини се уште се предмет на истрага.

Пеколните температури тукушто започнаа и се сериозен аларм. Овој случај е предупредување дека сезоната на пожари допрва почнува. Пожарникарите минатата и предминатата година се бореа против неколку огнени стихии и тоа најмногу во полскиот реон, но и во планинските и ридските предели.

Повеќе...

Avionsko-Prskanje-320.06.2013 По цела деценија пауза, авионот повторно го надлета Кочани во акцијата за прскање против комарци. Истата се спроведе во раните утрински часови. Започна во 05.00 а заврши во 06.30 часот.

Според одговорните, протекла без никакви проблеми. Авионското запрашување се изврши на територијата на општините Кочани, Виница, Пробиштип и Делчево. Со оваа активност се опфати вкупна површина од околу 1500 хектари во Кочани и 1000 во Виница. Се прскаше главно над оризовите ниви крај населените места и покрај речните корита, односно на непристапните места за третирање од земја. За прскањето беше употребено средство „аквакотрин“.

Авионското пркање чини 325 денари по хектар, што значи дека за Кочани беа потрошени нешто помалку од 500 000 денари, додека во Виница околу 325 илјади денари.

Повеќе...

Stecajci-220.06.2013  Наместо на состанок во салата на Мултикултурниот центар, стечајците од Кочани останаа на тротоар.

Не се одржа закажаната средба, на која требаше да се договараат за претстојните активности околу поднесувањето на предлог-законот до Владата.

Иако почекале дваесетина минути некој од Локалната самоуправа да дојде и да каже дали ќе им отвори за да влезат, не се појавил никој.

Револтирани од таквиот однос, само набрзина се договориле дека следната средба ќе ја одржат, макар и на отворен простор.

Повеќе...

seminar-osogovo-120.06.2013  Воспоставување поцврста врска меѓу невладините организации од осоговскиот регион заради заедничко дејствување во насока на развој на Осоговијата беше тема на работилницата што се одржа на мотелот Гратче.

Организатор на активноста беше Македонското еколошко друштво, кое го реализира проектот “Прекуграничен биосферен резерват Осогово“, а опфатени се граѓански здруженија од општините Кочани, Пробиштип, Крива Паланка и Кратово.

Целта на проектот меѓу другото е да се најде заеднички бренд на регионот што подобро ќе го претстави и ќе овозможи негов развој.

Повеќе...

Policija-za-Roleri20.06.2013 Со зголемување на температурите се зголеми и бројот на деца кои возат ролери и велосипеди на коловозите и со тоа стануваат потенцијални жртви на сообраќајни незгоди.

Секојдневната сообраќајна контрола на кочанската полиција покажува дека лица кои возат ролери најчесто се малолетници. Полициското одделение за безбедност во патниот сообраќај апелира до родителите и старателите на децата да поведат поголема грижа за своите малолетници.

Во наредниот период кочанската полиција ќе ги зајакне контролите против овие учесници. Согласно Законот за прекршоци и Законот за малолетничка правда ќе преземе мерки и покрај одговорноста на малолетниците ќе бидат повикувани и нивните родители и ќе биде утврдувана и нивната одговорност.

Повеќе...

starogradska520.06.2013 Македонската песна се негувала и ќе се негува во Виница уште долги години. За пет години на музичката сцена во Виница се промовираа во меѓународни рамки, а веќе го имаат и првиот документарен материјал аудио - визулен напис на кој се поместени 10 обработки на стари македонски песни . Домаќини на вечерта на староградски песни во Виница беа членовите на ансамблот „Серенада“.

-Виница има долга традиција на староградска песна. Почетоците се пред втората светска војна со градското пеење и со групите кои беа формирани. Имаше две – три групи кои ја негувале серенадната песна што поминале во староградски песни. Традицијата продолжува и после втората светска војна преку ансамблите за староградска песна „Распеани Виничани“ , женската пејачка група „Јана“ и со новоформираниот ансамбл за староградски песни „Серенада“ што работи во склоп на ДК „Тошо Арсов“.

Повеќе...

Drzavna-Matura-319.06.2013 Со поретки исклучоци, наставниците од ОУ „Никола Карев“, ОУ „Малина Попиванова“ и ОУ „Кирил и Методиј“ како и двете средни навреме го пополниле е - дневникот.

Но, дел од наставници го пропуштија рокот затоа што затаи системот и тоа заради доцнењата преоптоварување поради исполнување на обврската од страна на наставниот кадар во целата земја. Најголемиот дел наставници чекале до последен момент за да ја завршат обврска најмногу од ОУ „Раде Кратовче“.

Наместо 17-ти како што беше првично, крајниот рок за комплетно пополнувањена електронскиот дневник е понеделник 24 Јуни 2013 година.

Повеќе...

zfk kocani519.06.2013 ЖФК „Кочани“ замина за Стразбур, Франција . На одработувањето на последниот тренинг во таборот на кочанки владееше позитивна атмосфера. Очекувањата се дека клубот достојно ќе го претстави македонскиот женски фудбал , иако оттаму се свесни за квалитетот на екипите со кои ќе се сретнат.

Ќе учествуваме на 23-ти, на 22-ри ќе одиграме пријателски натпревар, а се враќаме на 25-ти јуни -рече Владо Андов, тренер на екипата.

На турнирот ќе се игра според системот 5+1. Ќе се одигра и пријателскиот натпревар со клуб од месност во Алзас, која има приближен број на жители како и Кочани.

Повеќе...

Eksterno19.06.2013 Во ОУ „Никола Карев“ се забележани огромни разлики во оцените по екстерното тестирање, поради што голем број наставници се соочуваат со казни. Учениците на екстерно добиле единици или двојки, а за нивното знаење биле оценувани со конечни четворки или петки. за разлика од ова , во останатите училишта во Општината оцените се совпаднале. По одредени предмети како македонски и англиски резултатите од екстерното тестирање биле и подобри, но тоа се должело на прилично лесните прашања содржани во тестовите.

Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, по жалбите од учениците за тешки прашања на тестовите и грешки, апелираше сите забелешки да бидат пријавени во Државниот испитен центар.

Повеќе...

uprava19.06.2013 Кој го има правото над клубот, незаконските трансфери во „Осогово 2013“ и плановите за во најблиска иднина беа теми на средбата на претседателот на ФК „Осогово“ Крсте Крстев со дел од фудбалерите, сејмените и медиумите на стадионот „Никола Мантов“.

- Kонечно се стави крај на оваа сапуница што трае неколку месеци. Мислам дека со чисти сметки можеме да го стабилизираме и надградуваме ФК „Осогово“ -рече Крсте Крстев, претседател на клубот.

Во очи на прославата на 90- годишнината од постоењето идната година, на „Осогово“ му претстојат значајни цели и предизвици, стабилизирање на клубот, купување нови играчи за подигнување на квалитетот и конкурентноста и правење нов обид за влез во втората фудбалска лига.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: SSW при 17 kmh
Недела18°C/32°C
Понеделник17°C/31°C
Вторник17°C/31°C
Среда17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 104 гости и нема членови


web counter



qr code