Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Most-Lesna-Industrija-3

06.06.2013 Општина Кочани планира изградба на армирано-бетонски мост преку десниот магистрален канал на хидросистемот “Брегалница“.

Објектот ќе биде составен дел од улицата “560“ што се наоѓа во зоната Лесна индустрија. Преку него треба да се обезбеди безбеден премин на пешаци, лесни и тешки товарни возила кон просторот што Локалната самоуправа планира да го продава на поодделни парцели за изградба на деловни објекти.

Засега на овој дел постои премин преку каналот, но тој не може да ги исполни потребните услови за безбедно одвивање на сообраќајот, ниту со носивоста, ниту со ширината. За реализацијата на новото инфраструктурно решение веќе е објавен јавен тендер за избор на најповолен изведувач, а пријавувањето трае до крајот на неделата.

Повеќе...

Ulica-Goce-Delcev-Orizari2

06.06.2013  Улицата “Гоце Делчев“ во Оризари треба да добие нов асфалтен слој. Техничкиот проект веќе е изготвен, ставен е во приоритетите за изградба на инфраструктура во општината и сега се бараат финансиски извори.

Една од можностите да се обезбедат пари се гледа преку „Програмата за финансиска поддршка за руралниот развој за 2013 година“ за што Локалната самоуправа се подготвува да аплицира. Притоа предвид е земена мерката 321 што се однесува на подобрувањето на квалитетот на животот во руралните средини. Финансиер на програмата е Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој.

Како  носител на проектот, се предивудва Локалната самоуправа да обезбеди дел од средствата од буџетот на Општината, преку Програмата за локални патишта и улици. Со оглед што терминот за поднесување апликација е до 3 јули, во Општината забрзано се одвиваат активностите да се запази рокот.

Повеќе...

 muzicko606.06.2013 Учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ кои во текот на годината освоија награди и признанија на државни и меѓународни натпревари синоќа настапија пред многубројната публика во Мултикултурниот центар. Со концертот на наградените ученици беше одбележан патрониот празник на училиштето.

Учениците од ова училиште и годинава се закитија со голем број награди и признанија на натпревари во Скопје, Битола , Врање, Ниш, Аранѓеловац, Уб, Ваљево, Белград. Присутните ги поздрави директорката на ОМУ „Ристо Јуруков“ Елизабета Ѓеорѓиева“

-Покрај државните натпревари се повеќе излегуваме и на меѓународни натпревари, па се надеваме дека освен во соседните држави ќе можеме да учествуваме и на поголеми натпревари во Италија и Франција.

Повеќе...

skuter

05.06.2013  Скутер со зафатнина на моторот до 50 кубни сантиметри ќе набави Општина  Кочани. Ќе се користи за потребите  на општинската администрација, а ќе биде дел од обновениот возен  парк.

Заради транспарентност на набавката, Локалната самоуправа минатиот месец објави јавен тендер во кој се наведени техничките детали што треба да ги содржи возилото. Покрај определената зафатнина, се бара моторот да биде со јачина од 3,5 киловати, односно нешто над 4 коњски сили.

Освен стандардната опрема, во набавката влегува и специјален куфер за скутерот, отворена кацига со преклоп, церада, односно покривка за мотор и комплет брава за заклучување на резервоарот и седиштето.

Исто  така, понудувачот треба да обезбеди  минум една година гарантенр  рок за машината. Во тендерот не е нагласена марката или моделот што се бараат, но со оглед што набавката е со проценета вредност до 5000 евра, може да се заклучи дека ќе се оди на опција за повисок квалитет и издржливост на скутерот.

Повеќе...

Podlog Kukja88

05.06.2013  Импровизиран ѕид од ќебиња, душеци и друг прирачен материјал е дел од скромната куќарка на семејството  Јорданови од Горни Подлог. На таков  начин сопственикот се обидел колку-толку да ја затвори големата дупка што се појави како резултат на поплавите што го зафатија регионот во февруари.

Скромниот објект тогаш не го издржа налетот на поројните дождови и влагата во ѕидовите, ѕидани со т.н. жива цигла. Во неговата внатрешност има само со една собичка во која живее четиричленото семејство. Примаат социјална помош и не можат сами да ја поправат штетата, па очекуваат помош од општината или од приватни фирми.

- Барам помош, да ми се даде помош, материјал, греди, летви, усјемал и цемент. Веќе имам добиено нешто преку СОУ “Гошо Викентиев“. Ми дадоа еден камион песок и 800 броја блокови. Сега за сега тоа е што имам, друг материјал немам, рече Јордан Јорданов, сопственик на куќарката.

Повеќе...

Postojki 3

05.06.2013  Пет автобуски постојки треба да добијат населените места во општина Кочани, претежно во ридско-планинскиот регион. Активноста се реализира по барање на граѓаните од овој дел  на општината, па наскоро соодветни постојки со настрешници ќе добијат жителите од Полаки, Бели, Нивичани и други села.

Локалната самоуправа веќе го објави јавниот тендер за избор на најповолен изведувач на објектите што треба да бидат поставени на оддалеченост до 20 километри од градот. Се планира настрешниците да бидат изработени од метал, а обврска на изведувачот ќе биде и да ги постави на предвидените локации.

- Овие автобуски постојки ќе  бидат опремени со клупи, покривната  конструкција ќе биде од поликарбонат, а се очекува наскоро да заврши јавната набавка со што Општината ќе започне со поставување на постојките на местата што се предвидени во ридско-планинанскиот дел, рече Влатко Димитров, раководител  на секторот за урбанизам.

Повеќе...

opstina05.06.2013 Ниту еколошките друштва, организации на граѓани, ниту пак одговорните во Општината не покренаа иницијатива за одбележување на Светскиот ден на животната средина 5 јуни. Кочани одамна го изгуби епитетот најчист град во републиката.

На ниво на држава Светскиот ден на животната средина се одбележа под мотото „Мисли, јади, зачувај“.

Годинава, кампањата на Обединетите нации става акцент на трошењето на храната, намалувањето на отпадот од храна и намалување на негативниот притисок врз животната средина.

Кампањата цели на зголемување на свеста во земјите со животен стил каде има голема загуба на храна.

Повеќе...

Besplatni-Kursevi05.06.2013 Активноста на Општината за спроведување на бесплатните курсеви по странски јазици и информатика одлично е прифатена кај кочанските граѓани. Заинтересираноста и годинава беше голема. Од вкупно 490 граѓани кои ја искористија можноста да се надградуваат, 90 се од курсевите по информатика. Изненадувачки висока бројка на заинтересирани за изучување на германскиот јазик, над 180 возрасни ученици. Денеска свечено им беа доделени дипломите.

- Праксата на спроведување на бесплатни курсеви е од повеќекратна корист затоа што нашите сограѓани стекнуваат елементарни познавања на јазиците и информатика како и со компјутерот без кој што во денешно време не можеме да живееме ниту во образованието, ниту во работата, ниту во фамилијата. Општината ќе продолжи со ваквите акции и понатаму и во текот на наредната учебна година ќе ги продолжиме истите курсеви, истакна Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Повеќе...

kosarka-devojcinja205.06.2013 Крај на сезоната и во женската кошаркарска лига за основки. Во директен дуел за првото место одлучуваа екипите на ООУ „Малина Попиванова“ и ООУ „Св. Кирил и Методиј“.

И овој последен натпревар покажа дека се работи за две екипи изедначени по квалитет, а потврда на тоа беше нерешениот резултат во регуларниот дел од натпреварот 21:21.

Во продолжението од пет минути, спортската среќа им беше наклонета на кошаркарките од ООУ „Малина Попиванова“ кои забележаа тесна победа од 23:22.

Повеќе...

Traktor-Nesreka-4

04.06.2013  Со закани за судски тужби се соочуваат родителите од Грдовци чии деца беа тешко повредени при превртувањето на тракторот, што се случи на први мај кај Оризари.

И покрај тоа што држaвата вети дека целосно ќе ги покрие трошоците за болничкото лекување, нивните татковци и мајки на домашна адреса добиле предупредувања од болниците дека должат пари. Тоа ги револтира родителите кои велат дека не се финансиски моќни да го платат лекувањето, а во целиот случај некој си поигрува со нив.

- Тоа го изјави министерот за здравство, дека трошоците ќе ги покрие државата, а тоа не е точно, тоа е лага. Тука имаме еден братучед, еден роднина, тој си ја продаде кравата за да си ги покрие трошоците за децата, рече Зоранчо Иванов, родител на повредени деца.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

13°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: Variable при 4 kmh
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/23°C
Вторник13°C/24°C
Среда13°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 103 гости и нема членови


web counter



qr code