X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

petrovden612.07.2013  Многуброен народ се собра во Градскиот парк за да присуствува на свеченоста по повод одбележувањето на Петровден.

Верскиот празник што во Кочани со векови го слави секоја куќа како домашна слава, од пред три години прерасна во општински празник.

Во рамки на празнувањето, во православниот  храм “Св. Ѓорѓи“ изутрината се одржа божествена литургија, а потоа свештениците и верниците во свечена литија пристигнаа во паркот, пред пред чешмата и мозаикот на Светите Петар и Павле.

Со духовната церемонија чиноначалствуваше митрополитот брегалнички г. Иларион, кој ја освети празничната погача, што потоа им беше поделена на присутните граѓани.

Повеќе...

SvecenaSednica912.07.2013  По повод одбележувањето на Петровден, Советот на Општина Кочани ја одржа вообичаената свечена седница, на која  покрај советниците, присуствуваа митрополитот на брегалничката епархија г. Иларион во придружба на свештени лица од кочанскиот православен храм, градоначалници од соседните општини, пратеници и функционери од државната и локалната власт, како и повеќемина граѓани.

На седницата, Одборот за доделување награди на Општината официјално ги соопшти своите одлуки за годинашните добитници на највисоките признанија.

Наградата за животно дело му  припадна на Јордан Манов, еден од основоположниците на спортот во Кочани, а наградата за значајни остварувања во развојот на Општината му е доделена на Здружението на пензионери.

Во обраќањето пред присутните, претседателката на Одборот, Илинка Атанасова, даде кратко образложение за одлуката.

Повеќе...

MuzickoRistoJurukov12.07.2013  Макотрпна работа и талент стои зад  големите успеси на учениците од кочанското музичко училиште.

Своето знаење го потврдија и минатата учебна година со учеството на повеќе државни и меѓународни музички натпревари. Скоро од сите се вратија со една од првите три награди. Посебно за пофалба се освоените 17 први места на натпреварите, иако наставниците не сакаат да ги одделат од другите постигунувања.

- Седумнаесет први, од кои дел на меѓународни натрпевaрувања, меѓутоа имаме вкупно 39 награди освоено оваа учебна година, повеќето на државни, но и на меѓународни натпревари, а останатите се втори и трети награди. Без разлика за каква награда се работи, успехот е пред нас. Се надевам дека оваа бројка ќе биде предизвик за следната година да имаме многу повеќе награди, рече Марија Лазарова, наставник во ОМУ “Ристо Јуруков“.

Повеќе...

NagradiUcenici412.07.2013  Триесетина истакнати ученици дојдоа на приемот што во нивна чест го приреди Локалната самоуправа.

Меѓу две одбележувања на Петровден тие освоиле први места на државните и едно од првите три места на меѓународните натпревари во различни образовни дисциплини.

Градоначалникот Димитровски и претседателот на Советот, Иванов, им упатија честитки за успесите, посакувајќи им да продолжат со одличните резултати во школувањето. Во знак на благодарност што на позитивен начин ја афирмираат Општината им доделија пригодни подароци од Локалната самоуправа.

Повеќе...

SostanokPonikva212.07.2013  Општина Кочани изработи нов рекламен материјал за туристичките можности за Пониква. Во него на едно место се претставени сместувачките капацитети и можностите за рекреација што ги нуди нашиот планински рекреативен центар.

На средба со сопствениците на објекти, летокот го претстави градоначалникот Ратко Димитровски, при што се осврна и на активностите за подобрување на инфраструктурните капацитети.

Притоа тој побара помош од нив за заедничка промоција на можностите и ресурсите со кои располага Пониква, за да се привлечат што погoлем број гости од земјата и странство.

Повеќе...

vinica312.07.2013  Дел од празничната програма за Павловден во Виница беше ликовната изложба на реномираниот македонски уметник Стефан Хаџи Николов.

На изложбата беше претставен дел од творечкиот опус авторот кој минатата година прослави 30 години од своето творештво. Пред виничката публика тој се претстави со 29 дела создадени во последните 5 години.

Изложбата ја отвори градоначалникот Емил Дончев, а за уметничкиот опус на Хаџи Николов зборуваше Магдалена  Манаскова од музејот “Теракота“.  Изложбата е поддржана  од Министерството за култура, како дел од манифестацијата „Топол културен бран“, а е дел од настаните по повод одбележувањето на празникот Павловден.

Повеќе...

turnir1612.07.2013  Екипите на “Истра“ и “Европа 92“ се финалисти на годинешниот Петровденски турнир во мал фудбал што го организираше Локалната самоуправа.

Тие беа подобри од своите противници во средбите од четврфиналето, по што обезбедија пласман во борбата за првото место.

Иако се играше релативно рамноправен натпревар во текот на првите 30-тина минути, сепак на крајот “Истра“ ја победи екипата на “Елемент“ со резултата 7:5.

Во втората четвртфинална средба “Европа 92“ во поголемиот дел од натпреварот водеше против “Еко оил“ со 3:0 и малку требаше на крајот да доживее изненадување, примајќи два гола едно по друго. Сепак, екипата успеа да се одбрани совладувајќи го противникот минимално со 3:2.

Повеќе...

Ruen1211.07.2013  Доверителите на “Руен“ кои имаат 74,6% од побарувањата дојдоа на Собранието на доверители што го закажаа стечајниот судија и стечајниот управник.

На состанокот мнозинските доверители се договорија имотот на фабриката да се продава по трет пат.

По неуспешните два огласи, кога беше определена почетна цена за трите пакети што беа огласени со продажбата, овој пат на Собранието се прифати предлогот на стечајниот управник Драги Димовски да се прибираат понуди од заинтересирани купувачи, но да нема почетна цена, а да се определи минимален износ што тие треба да го уплатат.

Повеќе...

Spancevo111.07.2013  Кобни последици можела да има кавгата меѓу две семејства од Спанчево чии куќи се во исто соседство.

Иако нетрпеливоста траела со години никој не претпоставувал дека ќе заврши со физички напад во кој 28-годишниот Б.М. насилно влегол во куќата на 65-годишната С.И. и почнал да мава со камења. Притоа искршил поголем број прозорци и дел од инвентарот.

Со цел да го спречат во намерата да им го демолира домот, малолетниците внуци на С.И. со секира почнале да удираат по мопедот на напаѓачот при што сериозно го оштетиле. Со намера да не остане должен на соседите, Б.М. возвратил со иста мерка, односно му го уништил скутерот на 17-годишниот Г.И. За среќа, скараните страни биле разделени од блиските соседи, па настанот завршил без потешки последици.

Повеќе...

sud4411.07.2013  Наместо да продолжи судењето на поранешните први луѓе на кочанската полиција, Судскиот совет со кој заседаваше судијата Јаким Илиев донесе одлука да го одложи.

Судот оцени дека нема законски услови да се одржи претресот против поранешниот полициски командир Ванчо Тодоровски и неговиот заменик Санде Стојменов, заради што предложи да се бара нов термин за продолжението.

Една од причините за одлагањето е што еден од сведоците во обвинението, кој се јавува и во улога на оштетено лице, не се појави во судницата. Беше речено дека и покрај обидот на два пати да му се достави покана за да се јави во судот, сведокот не ја примил затоа што се наоѓа на работа во Италија.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

Кочани

Влажност на воздухот:
Ветер: при
/
/
/
/
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 79 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click