Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Prskanje-Komarci214.06.2013 Со оглед на поволната временска прогноза за деновите по викендот, одлучено е акцијата за прскање против комарци да стартува в понеделник и вторник. Во периодот од 23 часот до 5 наутро стучните екипи прскањето ќе го изведат од земја.

Запрашувањето ќе се врши  на површина од 300 ха. Ќе бидат опфатени зелените површини во градското подрачје, градската периферија и низинските села. 

Иако препаратот со кој ќе се прска е одобрен од Бирото за лекови и не е штетен за луѓето и големите цицачи, сепак се препорачуваат соодветни превентивни мерки.

Повеќе...

pavelsaev214.06.2013  Бесплатни курсеви по турски и француски јазик можат да посетуваат сите заинтересирани граѓани од Кочани, во организација на здружението  на студенти на Правниот факултет, “Павел Шатев“.

Предавањата ги држат странски државјани, студенти на различни универзитети од земјите од кои доаѓаат. Целата настава е на волонтерска основа, односно ниту слушателите плаќаат за часовите, ниту предавачите земаат некаков надомест.

Активноста на кочанското здружение е во рамки на исполнување на една од целите за промовирање, воспоставување и развивање взаемно почитување, соработка и контакти меѓу студентите од земјата и странство.

Повеќе...

orizna niva214.06.2013 На терен се пуштени препарати за заштита од плевели, кои не се дозволени за употреба во Европската унија.

Се продаваат под рака по поефтини цени, а се со сомнително потекло. Но, освен што ефектот изостанува, можат да предизвикаат и штети, предупредуваат познавачите.

- Воглавно ги увезуваат возачи од Турција, но и граѓани кои дури специјално патуваат со таа намера, затоа што тие препарати таму се наоѓаат многу евтино и се во мали количини. Со една патничка торба може да се пренесат 10 или 15 килограми, вели Гоце Стојановски, агроном.

Повеќе...

tenis14.06.2013 Младата тенисерка на „Акватен“ Даниела Колева е елиминирана во четвртфиналето на тенискиот турнир во Чачак, Р. Србија.

Таа беше поразена од домашната  тенисерка Јована Бабиќ со резултат од 2:0 во сетови, во првиот со убедливи 6:1, додека во вториот сет на Србинката и беше потребен само еден брејк за да го добие со 6:4.

Даниела Колева до четвртфиналето стигна со три последователни победи, првата и најубедлива против Валентина Тодоровиќ од Србија, на која и препушти само еден гејм 6:0; 6:1, втората против црногорката Ања Драшковиќ со исто така убедливи 6:1; 6:2 и третата против домашната тенисерка Анѓелка Андриќ, што беше и најтешко добиениот меч 7:5 во првиот сет и 7:6 по тајбрејкот во вториот.  

Повеќе...

Detonator113.06.2013  Една година по апсењата и изрекувањето на обвиненијата, заврши судскиот процес “Детонатор“.

Останува да се изнесат завршните зборови на обвинителството и одбраната, по што до крајот на јуни во Основниот суд - Скопје треба да биде донесена пресудата против 16-мината обвинети. Двајца уште од разоткривањето на случајот беа надвор од државата и недостапни за истражните органите.

За сите нив јавното обвинителство побара затворски казни, тврдејќи дека се виновни по сите наводи од обвинението. Лицата, главно од Кочани, Виница, и Крива Паланка пред судот одговараа за кривично обвинение што ги товареше дека оформиле група која применувала насилство, лихварство, перење пари, затајување данок, но и за недозволено организирање игри со покер апарати.

Повеќе...

Ulica-Krum-Vrninski513.06.2013  Градежна  механизација го започна расчистувањето на теренот и рамнењето на коловозната површина од улицата “Крум Вранински“. Со тоа стартуваа активностите за нејзина целосна изградба и асфалтирање.

По неодамнешното потпишување на договорот со Локалната самоуправа, фирмата “Урбан инвест“ од Кавадарци го испочитува рокот за почеток на градежните работи и навремена реализација на договорените задачи.

На лице место дојдоа и претставници од Oпштината и од финансиерот за да направат увид.

Повеќе...

Ulica-Orce-Nikolov113.06.2013 Со секој  поголем дожд или снег жителите на дел од улицата “Орце Николов“ под каналот кај “Сиви дом“ остануваат заробени во своите домови. Велат дека тогаш тешко можат да излезат од дворовите, затоа што коловозот е целосно поплавен и каллив.

250 метри долгиот крак од улицата со децении го има истиот изглед како кога ја започнале градбата на нивните куќи.

- Чизми треба да облечеш за да излезеш. Прекрасен двор имам, секој ден треба да се мие со вода, инаку не се оди, деца на школо треба да одат. А зимно време да се дојде има што да се види, ниту кола да помине, ништо не може, рече Станка  Ангелова, жител на улицата “Орце Николов“.

Повеќе...

maturanti1113.06.2013 Возбуда, воздишки, искрени и срдечни прегратки и евоцирање спомени - вака изгледаше средбата на соучениците од првата генерација ученици од средното тогашно индустриско училиште „Ѓошо Викентиев“ , кои во хотелот Гратче го одбележаа златниот јубилеј - 50 години од матурата. Во нивно време било луксуз да се запишеш во средно училиште, се сеќаваат учениците. Од 41 ученик на средбата присуствуваа   само 11.

Поранешните соученици, сега на возраст од 68-69 години, на средбата дојдоа дотерани и елегантни, насмеани и среќни. Со себе ги понеле сликите од претходните прославувања, од собиранки, како и таблото од 1963 година. Генерацијата е горда што од нивните редови излегле успешни луѓе. На средбата беа присутни и професорите.

Повеќе...

Krvodaruvanje-Policija13.06.2013 Втора крводарителска акција годинава спроведе Полициската станица од Кочани. Успешна е затоа што и на оваа акција се пријавија околу 25 крводарители вработени во кочанската полиција.

-Досега имам дарувано 40 пати крв. Среќен сум кога спасувам човечки живот и затоа ќе продолжам и понатаму со дарување на скапоцената течност, рече Тони Каров, крводарител .

Полициската станица од Кочани во текот на годината спроведува три кирводарителски акции преку кои вработените во полицијата ја покажуваат својата хуманост и ја даруваат скапоцената течност.

-Според календарот на полицијата за дарување крв до крајот на годината ќе спроведеме уште една крводарителска акција. Таа е планирана за октомври, истакна Јордан Стојанов, виш инспектор за превенција.

Повеќе...

bazen413.06.2013  На социјaлно загрозените семeјства, приматели на социјалнa помош и невработените, не им е дојдено да ги запишуваат децата на курс по пливање.

Oпштината организира бесплатни обуки за учениците од 8 до 12 години, но за нив немало никаков интерес.

-Затоа, ние повторно ги повикуваме  заинтересираните родители на  учениците, да ги пријават во  едношалтерската канцеларија, затоа  што курсевите по пливање се  бесплатни. Ќе започнат на 1 јули, а ќе се одвиваат на градскиот базен, рече Голубина Георгиева, советник за образование во Општина Кочани.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

30°C

Кочани

Грмотевици
Влажност на воздухот: 35%
Ветер: North при 17 kmh
Понеделник17°C/31°C
Вторник17°C/32°C
Среда17°C/32°C
Четврток17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 152 гости и нема членови


web counter



qr code