Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

banja501.07.2013  По три децении затворени врати и неработење, Министерството за здравство презема мерки за реактивирање на објектот на бањата во селото Бања.

Веќе е објавен тендер за продажба на земјиштето и зградата на бањата, за што на заедничка средба разговаара градоначалникот на Чешиново-Облешево, Костадин Личков  и министерот Никола Тодоров.

Заеднички заклучок од средбата е дека повторно треба да проработат капацитетите за физикална медицина и рехабилитација со привлекување домашни и странски инвестиции за отворање нови капацитети, кои ќе се користат за геријатриска и палијативна нега и бањски туризам.

Повеќе...

upisi1001.07.2013 4 гимназија и 1 економски вкупно 5 новопријавени ученици во гимназијата и 4 машинска и 5 електро вкупно 9 новопријавени ученици во СОУ „Ѓошо Викентиев“ имаше на првиот ден од второто пријавување од уписите во средно образование.

Со оваа бројка во „Љупчо Сантов“ има пријавено вкупно 193 ученици од кои 88 се гимназија и 105 во економската струка.

Во СОУ „ Ѓошо Викентиев“ со новиот број на пријавени ученици има вкупно 197 распределени во трите струки, машинската , електро и сообраќајната струка.

Во Гимназијата има место за уште 79 ученика, а во „Ѓошо Викентиев“ 211 слободни места.

Повеќе...

E-Recepti01.07.2013 Матичните лекари почнаа со издавањето електронски рецепти, кои ќе ги заменат рецептите што досега се издаваа на хартија. Оваа новина е воведена како дел од интегрираниот здравствен информатички систем, но на стартот наиде на проблеми. Засега не е познато како ќе се издаваат рецептите додека трае проблемот, за кој веќе е известено ресорното министерство.

-Добив дојава од речиси сите матични лекари во Кочани дека наишле на проблеми со системот. Засега немам информација зошто тоа е така. Ја известив претседателката, која е во координација со Министерството за здравство за понатамошни насоки-рече Игор Тодосиев, координатор на Здружението на приватни лекари на Република Македонија.

Повеќе...

nevreme01.07.2013 Се уште се санираат штетите од големото невреме што го погоди Кочани во саботата попладне.

Силниот ветар откорна неколку стари дрва кои паднаа врз објектот на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ и ја оштетија кровната конструкција, потоа во дворот на детската градинка на улицата „Скопска“ во населбата Текишински лозја, како и на паркингот пред кулата „Треска“ во Трговскиот центар.

Откорнати дрва имаше на повеќе места во градот, а дојде до прекин и во електронапојувањето и телекомуникациските врски.

Предизвикана е штета и врз земјоделските посеви, како и на приватен имот и урбана опрема.

Повеќе...

muzicki branovi1101.07.2013 Во силна конкуренција од 11 прекрасни детски песнички изведени на фестивалот за детска песна „Музички Бранови 2013“ победи седумгодишната Нина Ѓорѓиевска од Виница со песната „Рокерка“. Тричленото жири беше едногласно и без многу размислување , заслужено првата награда за „Најдобра изведба“ ја додели на рокерката Нина. Со одлуката на жирито се согласи и публиката која беше воодушевена од настапот на Нина , потврдувајќи го тоа со силниот аплауз наменет за седумгодишното девојче . По објавата на победникот Нина не можеше да ја сокрие возбудата, па солзите беа неизбежни.

-Мило ми е што победив. Се трудев многу, ми се допадна песничката. Благодарност до композиторот и до моите родители за поддршката, рече Нина Ѓорѓиевска, победничка на фестивалот.

Повеќе...

rotari01.07.2013 На меѓународната организација “Rotary international”, основана на почетокот на претходниот век, како рамноправен член се приклучи и домаќинот на прославата, Ротари клубот од Кочани.

„Rotary international“ е прва светска клупска организација, со повеќе од 1.2 милиони членови во 34.000 клубови распространети во повеќе од 200 земји и географски региони. Клубовите се неполитички, нерелигиозни и отворени за сите култури, раси и вероисповеди. Членовите на ротари клубовите се волонтери кои работаат за добробит на човештвото.     Ротари е организација на успешни професионалци. Градењето на тимови, собирање на средства, јавни настапи, планирање, организација и комуникација се само некои од лидерските карактеристики кои членовите на клубот можат да ги практицираат и усовршуваат.

Повеќе...

maturanti201.07.2013 Генерацијата 1969 – 1973 година од гимназијата „ Љупчо Сантов“ викендов се собраа да ја прослават 40 – годишнината од матурирањето. На класен час што го одржа нивниот класен раководител Душан Зашев , сега професор во пензија , матурантите се потсетија на деновите поминати заедно. Ги кажаа своите успеси и постигнувањата за годините по матурирањето.

-Би сакала да ги поздравам сите мои соученици и да им ја честитам прославата. Многу сум среќна што се сретнавме после 40 години. Да се среќаваме и понатаму. Јас дојдов од Србија специјално за средбата , рече Сузана Јефтовиќ.

Генерацијата 1969 – 1973 од гимназијата е една од најуспешните од ова училиште. Од неа се произлезени многу успешни луѓе. И класниот раководител горд на своите ученици.

Повеќе...

nikola mantov01.07.2013 На градскиот стадион се одигра ревијален фудбалски натпревар во чест на Никола Мантов, легендарниот играч на „Осогово“ кој пред 40 години почина на теренот како последица од срцев удар додека траеше фудбалскиот меч од Првата македонска фудбалска лига што домаќините го играа против екипата на „11 Октомври“ од Скопје.

Се сретнаа ветераните на ФК „Осогово“ и на ФК „Брегалница“.

Организаторот на натпреварот им додели благодарници на поранешни фудбалери од Кочани, Виница, Штип и други градови, како и на други спортски работници од Општината.

Повеќе...

zfk kocani01.07.2013 Градоначалникот Димитровски организираше прием за фудбалската експедиција на ЖФК „Кочани“, која го афирмираше градот и државата на меѓународниот турнир во Франција. Еден пехар за прво и еден за трето место е епилогот од мисијата во Алзас. Импресиите од турнејата на Димитровски му ги пренесе тренерот на екипата Владо Андов, со кого отпатуваа уште двајца членови на стручниот штаб.

-Мене како прв човек во градот ми е многу драго што со една членка на ЕУ воспоставивме таква соработка. Очекувам истата да продолжи за и понатаму да разменуваме искуства на сите полиња-рече градоначалникот Ратко Димитровски.

-Престојот го искористивме за на најдобар начин да го презентираме македонскиот фудбал. Девојчињата си поминаа убаво, постигнаа успешни резултати на спортски план и оставија силен впечаток-рече Оливер Јовановски, тренер.

Повеќе...

Svajcarci-Opstina28.06.2013 На средбата се разговараше за проектите што се реализираат со средства на Швајцарската агенција за развој и соработка, а се однесуваат на регулирање на загадувањето на сливот и речното корито на реката Брегалница. Се разменија искуства за досегашниот тек на проектите што се однесуваат за Брегалничкиот регион. На средбата беа претставени и новите раководители што ќе ги водат проектите што се однесуваат за целокупното течение на реката Брегалница.

-Очекуваме дека досегашната соработка што ја имавме во претходните две - три години ќе продолжи со ист интензитет. И од наша страна , од страна на Општината и другите институции , а и од нивна страна дека ќе имаме комплетно разбирање и дека проектите ќе бидат реализирани онака како што се планирани, истакна Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

5°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: NE при 11 kmh
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела-1°C/9°C
Понеделник-1°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 111 гости и нема членови


web counter



qr code