Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

RakovodniMesta425.06.2013  5 функционерски места во Кочани ќе пополни Владата со новиот оглас за ангажирање лица за раководни позиции. Сите се однесуваат  на подрачни единици на државни  институции што функционираат во општината.

Според огласот, нови раководители треба да добијат подрачното одделение на Управата за имотно правни работи, на Управата за водење матична евиденција, на одделението за катастар на недвижности, како и раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство. Исто така, прв човек ќе биде избран и на шумското стопанство “Осогово“, кое е во составот на јавното претпријатие “Македонски шуми“.

Иако не станува  збор за нови вработувања, односно ангажманот е за функции што и до сега постоеја во Општината, со огласот е нагласено дека се бараат лица кои треба да бидат компетентни и мотивирани за извршување на работните задачи. Освен тоа треба да имаат најмалку 3 до 4 години работно искуство, во зависност од раководната функција за која ќе бидат ангажирани.

Повеќе...

upisi1125.06.2013 104 во економската и 80 во гимназиската струка или вкупно 184 ученици се пријавиле во првиот уписен рок во СОУ „Љупчо Сантов“.

Училиштето може да прими 272 ученици распоредени во 8 паралелки - 4 во економската и 4 во гимназиска струка. И со сегашната бројка на пријавени ученици , вели директорот Димитријев паралелките се веќе формирани и ќе се состојат од по 23 ученици.

Во СОУ „Ѓошо Викентиев“ се пријавиле вкупно 194 ученика. Во машинската 55, електро 93 и сообраќајната струка 56 ученика.

Ова средно училиште може да прими 408 ученика распоредени во 12 паралелки.

Повеќе...

VancoPrke125.06.2013  Во виничкото средно училиште “Ванчо Прке“ завршените осмоодделенци покажале најголем интерес за 170-те слободни места во гимназиската насока. На првиот ден од уписот конкурирале 92 ученици.

За новоотворениот образовен профил прехранбен техничар се пријавиле 6 осмооделенци, 10 конкурирале за новата насока машинско-енергетски техничар и 13 за профилот машински техничар. Во текстилно-кожарската струка се пријавиле 13 осмоодделенци.

На вториот ден од првиот уписен рок имаше помал интерес, па вкупниот број пријавени е 145.

Повеќе...

Letuvanje-1-25.06.2013 Центарот за социјални работи ја испрати првата група составена од 25 деца од Кочани кои ќе ја користат бесплатната услуга за одмор и рекреација . Децата се од семејства од социјален ризик и корисници на посебен додаток за 2013 година. Владата им овозможува седумдневен бесплатен летен одмор. Проектот опфаќа повеќе активности, воспитно – образовни, спортско - рекреативни и културно – забавни.

Во претстојните два месеца на секои седум дена ќе се испраќаат нови групи деца. Во зимскиот период е планирано на одмор да заминат уште 1000. Инаку пријавувањето за бесплатно летување заврши денеска информираат од Центарот за социјални работи.

Годинава се планира поквалитетен одмор што ќе го организираат 60 волонтери во текот на следните два месеца.

Повеќе...

deshka425.06.2013 70 годишната тешко подвижна и болна Дешка Трендафилова од Оризари секојдневно малтретирана од снаа си оставена да живее во шупата, деновите ги минува гладна, жедна и без потребните лекови.

Нејзината ќерка Живка Филипова од Кочани тврди дека снаата Анита Трендафилова ја измачува мајка и. Ја ставила да спие во шупата каде нема основни услови за живот. Нема ниту струја, ниту услови за лична хигиена.

-Мајка ми е избркана од собата и преместена е во шупата. Мојата снаа не и дава леб, вода и лекови. Јас одам да ја посетам мајка ми и да и дадам да јаде, но се соочувам со проблем. Снаа ми Анита не ме пушта внатре да влезам. Се обратив за помош во полиција бидејќи снаа ми ја тепа мајка ми, рече Живка Филипова, ќерка на Дешка Трендафилова.

Повеќе...

zfk kocani 224.06.2013 Екипата на ЖФК “Кочани“ го освои првото место во мал фудбал на меѓународниот турнир во областа Алзас во Франција.На турнирот се играше според системот 5+1.

Екипата во Кочани се враќа на 25-ти, по што најверојатно ќе следува прес-конференција за постигнатиот успех и искуството од меѓународниот турнир.

 

 

Повеќе...

Policija-za-Roleri24.06.2013 Во повеќе градови низ земјава, полицијата спроведува голема акција против шверц со цигари.

До сега во акцијата се уапсени 19 лица, две во Кочани по шест во Скопје и Струмица, три во Берово, и по еден во Тетово и Делчево. Меѓу уапсените има и еден полицаец вработен од граничната полиција, а три лица се уште се во бегство.

Неофицијалните информации гласат дека кривична пријава се подготвува за 20 лица, меѓу кои се наоѓа и еден бугарски државјанин.

Првичните сознанија велат дека групата од 2010-тата година внесувала илегално цигари од Албанија и Косово и ги складирала во складишта во Скопје како и во импровизирани магацини во близина на македонско-бугарската граница.

Повеќе...

Poplavi324.06.2013  Само половина час по обилните врнежи од дожд и град во неделата попладне, се измени сликата на вообичаениот летен ден во Кочани и населените места од општината.

Улици прекриени со вода, наноси од земја и камења, искршени гранки и проблеми во сообраќајот можеа да се видат скоро на секој дел од градот, додека граѓаните во паника се обидуваа да ги исчистат затрупаните шахти. На повеќе места водата практично извираше на сред улица, заради што неопходно беше да реагира и сообраќајната полиција во пренасочувањето на возилата по споредните улички кои не беа зафатени од стихијата.

Една од најкритичните беше улицата “Глигор Апостолов – Гочо“, во близина на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ каде водата се прели преку заштитните ѕидови и навлезе во околните куќи. Граѓаните се обидуваа со кофи и други прирачни средства да ја исфрлаат за да спасат дел од покуќнинта и имотот.

Повеќе...

Poplavi224.06.2013  Огромен број повици за интервенции на поплавени улици и објекти стигнале до кочанските комуналци.

По согледувањето на состојбата на терен, екипи од “Водовод“ преземale почетни активности за санирање на состојбата. На прес-конференција во Општината, директорoт на комуналното претпријатие,Љупчо Папазов рече дека работниците успешно се справиле со поставените задачи.

- Екипи од КЈП “Водовод“ од работната единица “Градско зеленило“ интервенираа уште во вечерните часови за отстранување на паднати стебла и за враќање на капаците од канализационите шахти во првобитната состојба. Во утринските часови работевме на отстранување на последиците од големите количини вода во Кочанска Река и донесените материјали што се наоѓаат во речното корито. Значи ги отстрануваме наносите од земја и песок на критичните места, рече Љупчо  Папазов, директор на КЈП “Водовод“.

Повеќе...

Fekalni-Vodi-324.06.2013  Општина Кочани прави конкретни активности за раздвојување на фекалната од атмосферската канализација во градот. Тоа треба да ги намали можностите од преполнување на постојната канализациона мрежа и излевање на фекалиите по улиците.

Според градоначалникот Димитровски, целата процедура е во тек и наскоро треба да започне практична реализација.

- Проектот е веќе изработен и главните колектори на улицата “Роза Петрова“, на “Страшо Ербапче“ и на улицата“9 Мај“, односно “Тодосија Паунов“ ќе бидат изградени, веќе се во фази на тендерирање, очекуваме дека нашите граѓани до Нова Година овие проблеми ќе ги имаат во далеку помала мерка, затоа што очекуваме до тогаш да завршат работите, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

4°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: SE при 4 kmh
Понеделник1°C/8°C
Вторник6°C/11°C
Среда3°C/13°C
Четврток2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 89 гости и нема членови


web counter



qr code