Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Vodovod-127.06.2013 Граѓаните и правните субјекти на КЈП „Водовод“ на име на потрошена вода и подигнат смет му должат над 220 милиони денари. Повеќе од 168 милиони се долгови што ги имаат граѓаните, додека над 51 милион денари се долгови на фирмите и институциите. Ова е застарен долг и по повеќе од 10 години, истакнаа од претпријатието.

-Побарувањата од граѓаните со датум 31.03.2013 година во КЈП „Водовод„ изнесуваат околу 168 милиони денари. Кај правните лица таа бројка е 51 милион денари. Ваквите износи се акумулирани долги години дури и постари од 10 години, рече Љупчо Папазов, директор на КЈП „Водовод“.

Според Папазов, несовесноста на граѓаните прави претпријатието да се соочува со големи финансиски проблеми.

Повеќе...

forumi-vo-zaednicata-vinica27.06.2013 Подобрување на условите во училиштата, регулација на речните корита, зголемување на безбедноста во сообраќајот , изградба на нови водоводи и канализациони мрежи, подобрување и оплеменување на просторот за културни дејности, подобрување на условите на спортските терени, на условите во градинките се 7-те области кои ги разработуваа работните групи по одржаната втора форумска сесија во Виница.

Повеќе од 120 граѓани расправаа и предлагаа конкретни идеи за решавање на проблемите со кои се соочуваат во тие области , а кои се поврзани со инфраструктурата како област која беше одредена на првата форумска сесија.

Во секоја област беа понудени по две решенија кои понатаму треба да се конципираат и да се анализираат условите и динамиката на нивното решавање имајќи ја во предвид и неопходната урбанистичка и планска документација со која располага општината по понудените решенија.

Повеќе...

muzicki branovi27.06.2013 “Музички бранови“ се организира втора година по ред. На фестивалот ќе бидат исполнети 15 композиции од кои 11 се нови со учесници, на возраст од прво до седмо одделение од Кочани и соседните општини. По направените аудиции во училиштата се избраа најдобрите кои ќе учествуваат.

Песните се подготвени од познати и признати композитори - Невенка Данилова, Диме Атанасовски, Мишо Стојанов, Љупчо Ѓорѓиев, Жаклина Јорданова , Митко Димитров и други. Уметнички директор на фестивалот е Сашко Велков, медиумски спонзор “Канал 8“ телевизија, а организатор “Профи медиум“.

Финансиска поддршка фестивалот има од спонзорите - Општина Кочани, Чешиново - Облешево и Виница.

Повеќе...

eksterno-prigovori26.06.2013 По направениот увид во изминатите два дена учениците кои сметаат дека се оштетени од резултатите од екстерното тестирање во текот на денот поднесуваа приговори. Најголем број поднесени приговори има во СОУ „Љупчо Сантов“ вкупно 75. Во поголем број од поднесените се основани,со оглед на низата недостатоци и техничките пропусти за време на тестирањето.

Во „Ѓошо Викентиев“ поднесени се 18 приговори. Причината е иста - техничките недостатоци.

Во основните училишта „Малина Попиванова“ и „Крсте Петков Мисирков “нема поднесено ниту еден приговор, а во „Св. Кирил и Методиј“ и „Раде Кратовче“ има само по еден. Во „Св. Кирил и Методиј“ поради отсутност на ученикот, а во „Раде Кратовче“ заради технички пропуст.

Повеќе...

bazen26.06.2013  Непочитување на работното време и неовластено влегување и капење во градскиот базен имало во изминатите десетина денови откако започна летната сезона.

Поединци и групи биле забележани дека влегуваат во текот на ноќните часови, но и рано наутро, пред да биде отворен објектот. Прескокнувале преку мрежата и влегувале во водата и покрај предупредувањата од стражарската служба.

Од комуналното претпријатгие „Водовод“ реагираат со писмено соопштение до јавноста во кое потсетуваат дека најстрого се забранува капење во ноќните часови на Градскиот базен, бидејќи во тој период објектот не е обезбеден со спасувачи. Освен тоа, не се вклучени ниту пумпите за филтирање, ниту пак се врши хлорирање на водата. Затоа таа побрзо се загадува и може да има несакани последици по здравјето на луѓето кои неовластено се капат.

Повеќе...

Hristijan-Karpos--Orizari-26.06.2013  Наноси од земја и камења, заедно со длабоки дупки од надојдените води се вообичаена слика на улицата “Христијан Карпош“ во населбата Оризари.

Жителите од десетината куќи кои живеат овде велат дека немаат мир при секој поголем дожд, затоа што земјениот коловоз се претвора во река, па не можат да излезат од дома. Приморани се сами, со лопати да прават насипи за да не им бидат поплавени дворовите.

- Ова е долгогодишен проблем со кој ние се соочуваме на оваа улица, бидејќи на неа интервенции не се извршени откако е пробиена улицата кај реката. И самите гледате колку има наноси кога има невреме, дури скинав и две гуми на автомобилот. Некогаш се вршат интервенции на другите спорни улици во Оризари, ама оваа улица како да е заборавена, рече Венцо Крстов, жител на улицата “Христијан Карпош“ во Оризари.

Повеќе...

roleri126.06.2013 Децата не сакаат да возат ролери само по спортските игралишта, туку бараат да има велосипедска патека. Само на тој начин ќе се намали бројот на малолетници кои возат ролери по коловозот.

Полициското одделение за безбедност во патниот сообраќај во секојдневното работење и од извршените контроли низ кочанските коловози, констатира дека по улиците особено по централното градско подрачје малолетни лица управуваат ролери по коловозот. Одделението е одговорно за контролата и за безбедноста на учесниците во сообраќајот па затоа, последните денови презема засилени мерки за заштита на овие учесници , за да не бидат жртви на сообраќајни незгоди.

Полициските службеници ги сопираа децата кои возеа ролери на коловозот и ги предупредуваа да не возат по коловозите, туку со намалена брзина да ги користат тротоарите , патеките во парковите покрај Kочанска Река и спортските игралишта.

Повеќе...

grobista26.06.2013  Еднократен надоместок од 9 илјади за единечна, и 17 илјади за двојнa парцела ќе треба да платат носителите на гробно место во кочанските градски гробишта.

Со оваа одлука ќе излезе КЈП “Водовод“ пред советниците, со очекување да биде усвоена на наредната редовна седница.

Доделувањето на користење на гробното место е лична службеност и се прави по претходно склучен договор меѓу претпријатието и лицето кое се јавува како носител на парцелата. При тоа, со плаќањето на надоместокот, носителот го добива местото на неопределено време. Со договорот, покрај еднократниот надоместок што треба да го плати носителот, тој се обврзува и редовно да го плаќа надоместокот за одржување на гробното место, односно т.н. гробарина, што се утврдува со посебна одлука.

Повеќе...

Lingvista26.06.2013 Во салата на МКЦ не може да се изведуваат приредби на приватни училишта. Ваков одговор добиле вработените на училиштето за странски јазици Лингвиста Академија на барањето доставено до Општината за одобрение завршната приредба да ја организираат во салата на МКЦ која е под надлежност на Општината. Од училиштето се навредени од постапката на Општината затоа што истото не било случај со другите приватни училишта, велат од училиштето.

-Оваа година не ни беше овозможено од Општина Кочани нашата приредба да ја организираме во некоја од просториите што се под нивна надлежност. Образложението е дека тие сали не може да се користат за приватни цели. Се надеваме дека надлежните кои се задолжени за одобрување на салата ќе размислат и догодина ќе ни биде овозможено да ја организираме во салата на МКЦ. Знаеме дека Кочани лани беше град на културата, но на ваков начин овој епитет не се задржува, истакна Елена Галачева, наставник во Лингвиста Академија.

Повеќе...

sverc325.06.2013   Седумнаесет државјани на Македонија и еден на соседна Бугарија заработија кривични пријави и се изведени пред истражен судија заради криумчарење цигари меѓу двете земји.

Меѓу пријавените се и две лица од Кочани, како и еден полициски службеник вработен во граничната полиција. Уште тројца осомничени не биле достапни на полицијата.  
 
Криминалната група од 20 лица се товари дека во периодот од септември 2010 до септември 2011 организирала вкупно 12 нелегални транспорти на цигари од Република Македонија кон Република Бугарија. Акцијата за разбивање на криумчарите е реализирана во Скопје, Тетово и неколку градови низ источна Македонија, при што се приведени и организатори и членови на групата.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: NE при 2 kmh
Петок3°C/7°C
Сабота4°C/10°C
Недела-1°C/6°C
Понеделник2°C/7°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 79 гости и нема членови


web counter



qr code