X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sverc325.06.2013   Седумнаесет државјани на Македонија и еден на соседна Бугарија заработија кривични пријави и се изведени пред истражен судија заради криумчарење цигари меѓу двете земји.

Меѓу пријавените се и две лица од Кочани, како и еден полициски службеник вработен во граничната полиција. Уште тројца осомничени не биле достапни на полицијата.  
 
Криминалната група од 20 лица се товари дека во периодот од септември 2010 до септември 2011 организирала вкупно 12 нелегални транспорти на цигари од Република Македонија кон Република Бугарија. Акцијата за разбивање на криумчарите е реализирана во Скопје, Тетово и неколку градови низ источна Македонија, при што се приведени и организатори и членови на групата.

Повеќе...

PatPonikva125.06.2013  По обилните врнежи од дожд и град, не е исчистен патот кон Пониква. На одделни места коловозот е целосно прекриен со наноси од земја и камења, така што отежнато  е одвивањето на сообраќајот за сите видови возила.

Една од најзагрозените делници е кај т.н. Лешка кривина и под шумската куќичка, каде што во дневни услови некако и може да се помине, но во текот на вечерните часови потребно е зголемено внимание и возење со намалена брзина.

Наносите на одделни места се со височина и над дваесетина сантиметри, поради што патот е непрегледен, а можноста за движње на возилата е надвор од вообичаената траса. 

Повеќе...

zemjodelie325.06.2013  Големото невреме што викендов го зафати регионот, ги онеспособи електронските врски на компјутерскиот систем во подрачната единициа за земјоделство во Кочани. Во прекин е контактот со базата на податоци во Министерството во Скопје, па отежнато е функционирањето на неколку подрачни единици во регионот.

Заради тоа, земјоделците кои се заинтересирани за добивање субвенции од државата, не можат да ги доставуваат своите барања во Подрачната единица. Службениците биле приморани да ги враќаат луѓето затоа што немаат можност да ги примаат документите, односно информациите да ги внесуваат во електронската база на податоци.

Дел од компјутерскиот систем се уште функционира, но не овозможува комплетирање на процедурата при прием на барањата, рекоа од подрачната единица за земјоделство. Во моментот се работело на отстранување на дефектот, но кога работата ќе биде завршена се уште не е познато.

Повеќе...

RakovodniMesta425.06.2013  5 функционерски места во Кочани ќе пополни Владата со новиот оглас за ангажирање лица за раководни позиции. Сите се однесуваат  на подрачни единици на државни  институции што функционираат во општината.

Според огласот, нови раководители треба да добијат подрачното одделение на Управата за имотно правни работи, на Управата за водење матична евиденција, на одделението за катастар на недвижности, како и раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство. Исто така, прв човек ќе биде избран и на шумското стопанство “Осогово“, кое е во составот на јавното претпријатие “Македонски шуми“.

Иако не станува  збор за нови вработувања, односно ангажманот е за функции што и до сега постоеја во Општината, со огласот е нагласено дека се бараат лица кои треба да бидат компетентни и мотивирани за извршување на работните задачи. Освен тоа треба да имаат најмалку 3 до 4 години работно искуство, во зависност од раководната функција за која ќе бидат ангажирани.

Повеќе...

upisi1125.06.2013 104 во економската и 80 во гимназиската струка или вкупно 184 ученици се пријавиле во првиот уписен рок во СОУ „Љупчо Сантов“.

Училиштето може да прими 272 ученици распоредени во 8 паралелки - 4 во економската и 4 во гимназиска струка. И со сегашната бројка на пријавени ученици , вели директорот Димитријев паралелките се веќе формирани и ќе се состојат од по 23 ученици.

Во СОУ „Ѓошо Викентиев“ се пријавиле вкупно 194 ученика. Во машинската 55, електро 93 и сообраќајната струка 56 ученика.

Ова средно училиште може да прими 408 ученика распоредени во 12 паралелки.

Повеќе...

VancoPrke125.06.2013  Во виничкото средно училиште “Ванчо Прке“ завршените осмоодделенци покажале најголем интерес за 170-те слободни места во гимназиската насока. На првиот ден од уписот конкурирале 92 ученици.

За новоотворениот образовен профил прехранбен техничар се пријавиле 6 осмооделенци, 10 конкурирале за новата насока машинско-енергетски техничар и 13 за профилот машински техничар. Во текстилно-кожарската струка се пријавиле 13 осмоодделенци.

На вториот ден од првиот уписен рок имаше помал интерес, па вкупниот број пријавени е 145.

Повеќе...

Letuvanje-1-25.06.2013 Центарот за социјални работи ја испрати првата група составена од 25 деца од Кочани кои ќе ја користат бесплатната услуга за одмор и рекреација . Децата се од семејства од социјален ризик и корисници на посебен додаток за 2013 година. Владата им овозможува седумдневен бесплатен летен одмор. Проектот опфаќа повеќе активности, воспитно – образовни, спортско - рекреативни и културно – забавни.

Во претстојните два месеца на секои седум дена ќе се испраќаат нови групи деца. Во зимскиот период е планирано на одмор да заминат уште 1000. Инаку пријавувањето за бесплатно летување заврши денеска информираат од Центарот за социјални работи.

Годинава се планира поквалитетен одмор што ќе го организираат 60 волонтери во текот на следните два месеца.

Повеќе...

deshka425.06.2013 70 годишната тешко подвижна и болна Дешка Трендафилова од Оризари секојдневно малтретирана од снаа си оставена да живее во шупата, деновите ги минува гладна, жедна и без потребните лекови.

Нејзината ќерка Живка Филипова од Кочани тврди дека снаата Анита Трендафилова ја измачува мајка и. Ја ставила да спие во шупата каде нема основни услови за живот. Нема ниту струја, ниту услови за лична хигиена.

-Мајка ми е избркана од собата и преместена е во шупата. Мојата снаа не и дава леб, вода и лекови. Јас одам да ја посетам мајка ми и да и дадам да јаде, но се соочувам со проблем. Снаа ми Анита не ме пушта внатре да влезам. Се обратив за помош во полиција бидејќи снаа ми ја тепа мајка ми, рече Живка Филипова, ќерка на Дешка Трендафилова.

Повеќе...

zfk kocani 224.06.2013 Екипата на ЖФК “Кочани“ го освои првото место во мал фудбал на меѓународниот турнир во областа Алзас во Франција.На турнирот се играше според системот 5+1.

Екипата во Кочани се враќа на 25-ти, по што најверојатно ќе следува прес-конференција за постигнатиот успех и искуството од меѓународниот турнир.

 

 

Повеќе...

Policija-za-Roleri24.06.2013 Во повеќе градови низ земјава, полицијата спроведува голема акција против шверц со цигари.

До сега во акцијата се уапсени 19 лица, две во Кочани по шест во Скопје и Струмица, три во Берово, и по еден во Тетово и Делчево. Меѓу уапсените има и еден полицаец вработен од граничната полиција, а три лица се уште се во бегство.

Неофицијалните информации гласат дека кривична пријава се подготвува за 20 лица, меѓу кои се наоѓа и еден бугарски државјанин.

Првичните сознанија велат дека групата од 2010-тата година внесувала илегално цигари од Албанија и Косово и ги складирала во складишта во Скопје како и во импровизирани магацини во близина на македонско-бугарската граница.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Недела-1°C/6°C
Понеделник1°C/4°C
Вторник-2°C/4°C
Среда-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 72 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click