Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

nivi218.06.2013  Ниту еден корисник на социјална помош не се пријавил во подрачната единица на Министерството за земјоделство во Кочани за да добие бесплатно земјоделско земјиште од државата.

Иако Mинистерството на три пати распишуваше огласи со кои на социјалците им нудеше да работат земјоделие и да остварат приход, одзивот е апсолутна нула.

Од околу 2000 лица кои во кочанскиoт Центар за социјални работи се регистрирани како полнолетни корисници на социјална помош, во законскиот рок на третиот оглас не била доставена ниедна пријава.

Повеќе...

maraton velosiped318.06.2013 Одличен успех забележа кочанскиот велосипедист Сашко Јосифовски на Мавровскиот велосипедски маратон. Турнирот го организираа Општина Маврово-Ростуше, Националниот Парк „Маврово“ и ВСД „Енерџи“.

Јосифовски кој од одинава ги брани боите на скопскиот велосипедски клуб “Енерџи“ во големиот маратон дојде до одличното трето место, во конкуренција од 100 велосипедисти.

- Минатата година го осовив првото место на истиот маратон. Патеката беше тешка, задоволен сум и со овој резултат, рече Сашко Јосифовски, велосипедист.

Повеќе...

kuka orizari17.06.2013  За над 1 милион и 400 илјади денари ноќеска околу полноќ било “олеснето“ семејството Ефремови од населбата Оризари.

Крадци им влегле низ незаклучената врата на летната кујна и преку терасата се нашле во просторијата каде што се наоѓале парите. Домаќините, кои во меѓувреме биле на матурска прослава имале непријатно изненадување по враќањето дома. Забележале дека ги посетил неканет гостин, кој им украл 20 илјади евра и над 180 илјади денари.

Жителите на Оризари рекоа дека Ефремови во населбата биле познати по приватниот бизнис со кој се занимаваат, па веројтно оттаму и толкавата сума пари што ја имале во готовина. Иако, во непосредна близина има уште неколку куќи, никој од соседите не ги забележал кражбите. Рекоа дека се плашат за својот имот, затоа што кражбите станале вообичаена работа.

Повеќе...

komarci117.06.2013  По минатонеделното  одлагање, конечно од ноќеска започнува овогодишната борба на човекот со комарците.

Две вечери по ред ќе се прска од земја против инсектите  што се заштитен знак на регионот.Од Центарот за јавно здравје, рекоа дека дождот и лошите временски услови биле причината што првата фаза од планираното повеќекратно третирање ќе се спроведе во текот на оваа недела.

Со прскањето од земја, ќе се опфати површина од 300 хектари во централното градско подрачје, приградските населби и дел од населените места во општината.

Повеќе...

Prskanje-Komarci17.06.2013 Стартува прскањето против комарци во Чешиново Облешево, општина која е одредена како приоритена локација за прскање против комарци согласно владиниот план, заедно со туристичките места Охрид, Дојран, Ресен, Крушево и Берово.

- Голема благодарност до Владата која му даде приоритет на прскањето во Општина Чешиново Облешево. Прскањето од земја стартува во вторник, додека авионски во најскоро време, информираше градоначалникот на Чешиново-Облешево, Костадин Личков.

Земјеното третирање на територија на Чешиново-Облешево Ќе почне во вторник во 18.30 часот, додека авионското ќе се спроведе по спроведувањето на јавните набавки во Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство.

Повеќе...

bazen1117.06.2013 Започна со работа градскиот базен. На стартот од сезоната 2013, голема посетеност од страна на кочанци. Најмногу од најмладите, чиј летен распуст започна од пред неколку дена.

Така се очекува да биде и претстојните два месеца, до кога на граѓаните им се пружа можност за релаксација и разладување.

- Дојдени сме со другарите, времето е убаво, па се забавуваме и разладуваме, вели еден посетител.

- Убаво е, цената е прифатлива, единствено што водата е малку  ладна, додава друг капач.

Повеќе...

maturanti5417.06.2013 Генерацијата на завршени ученици на тогашното средно економско училиште „Љупчо Сантов“ од учебната 1963 година, ја одбележаа својата 50–годишнина од матурирањето.

На јубилејната средба, иако веќе 70 годишни луѓе, сите пензионери, присутвуваа за вакви прилики, рекорден број матуранти околу 50-тина.

- Среќна сум што си начекавме да си ја прославиме златната матура. Дај Боже сите да си  начекаат да видат какво е чувството. Ние бевме генерација за паметење. Од нас излегоа инженери, доктори на науки, професори, лекари и правници. Среќна сум што е така, истакна Надица Јорданова од Кочани.

Повеќе...

Penzioneri117.06.2013 На отворањето на регионалните спортски игри чиј домаќин беше Општина Виница, пред присутните зборуваше претседателот на виничкото здружение Младен Петров, градоначалникот на општината Емил Дончев и потпретседателот на Сојузот на здруженија на Македонија, Методија Тошевски .

-Покрај тоа  што пензионерите се активни на повеќе полиња, на разни чествувања, слави, денеска можеме да видиме дека се активни и на спортски план. Разбрав дека во изминатите години се постигнати резултати на кои можат да им позавидат и помладите, истакна Емил Дончев, градоначалник на Општина Виница.

-Овој вид  на активности кои ги негува и сојузот и здруженијата ни  прават повторно да се вратиме во младоста и да се потсетиме  на младешкиот натпреварувачки дух. Да ги докажеме своите афинитети во одделни дисциплини и да го продолжиме релаксирано нашиот живот, истакна Методија Тошевски , потпретседателот на Сојузот на здруженија на Македонија.

Повеќе...

Gimnastika-117.06.2013 Атанасовски покажа најмногу меѓу јуниорите на државното првенство во „А“ лигата, со што заслужено дојде до првото место.

Во истата конкуренција, второпласиран беше Петар Каров, исто така член на ДГС “Кочани“.

Тоа беа и најголемите успеси за кочанските гимнастичари. Во Битола отпатуваа петорица и сите се позиционираа од првата до петтата позиција во своите категории.

Повеќе...

pruga14.06.2013  Железничка несреќа во која потешко е повредено десетгодишно момче се случи во четвртокот околу 17 часот и 30 минути на железничката пруга на влезот во Кочани.

Патничкиот воз што во тој момент доаѓал од правец на Скопје, на делот над градскиот стадион удрил во момчето кое не успеало навреме да се тргне од шините.

Мал момент на невнимание  бил пресуден момчето да биде удрено од локомотивата. Машиновозачот, иако се обидувал да го запре  возот, не успeал во намерата, а момчето било исфрлено надвор oд шините.

Повеќе...

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 160 гости и нема членови


web counter



qr code