Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

fa kocani zenska grupa05.06.2018  Успешни настапи на фолклористите од ФА „Кочани“ на Фестивалот на розата во Казанлак, Бугарија. Со големи впечатоци и нови пријателства се вратија од 4 дневниот престој во бугарскиот град.

Станува збор за фестивал со долга традиција на кој настапуваат фолклорни друштва од цел свет.

-Таму го празнуват денот на розата затоа што тоа е главна гранка на занимање на општината бидејќи од тоа прават вино, ракија, парфеми. ФА „Кочани“ имаше четири настапи од кои три со стилизирани кореографии „Женско чамче“, „Тресеница“ и „Лазаренки“. „Женско чамче“ е стилизирана кореографија која потекнува од селото Смилево.

Повеќе...

nagradi DAF 201804.06.2018  Претставата “Меѓу нас е тивко“ во изведба на Младинската сцена на Интимен театар од Битола ја доби наградата „Васил Ќортошев“ како најдобра на 55. Драмски аматерски фестивал (ДАФ) што во саботата заврши во Кочани.

Жири комисијата што ја сочинуваа актерите Горан Стојановски и Наталија Теодосиева, како и драматургот Билјана Крајчевска одлуката ја образложија со квалитетната колективна игра и вештото извршување на задачите во комплицираната естетика.

- Секогаш овде имало квалитет, затоа што сите ние кои пред многу години сме доаѓале тука сме зачнале една убава идеја за овој фестивал. Овој фестивал негува нешто, што за жал е многу изгубено, тоа е ентузијазам, љубов кон театарот, се она што денес почнува да се институционализира, а тоа е самиот човек.

Повеќе...

asfaltiranje kaprosovo04.06.2018  Започна асфалтирањето на две локални улици во општина Кочани со вкупна должина од 496,47 м и тоа три крака на улицата „Карпошово востание“и крак на локалната улица „АСНОМ“ во Оризари.

Вредноста на Договорот е 5,5 милиони денари сo вклучен ДДВ, од кои средствата во висина од 4,3 милиони денари се заштеда од реализација на потпроектот „Изградба на 10 улици во општина Кочани“, а средствата во висина од над 1,1 милион денари се општинско кофинансирање и се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани за 2018 година.

Работите ги изведува Градежното претпријатие „Изгрев инженеринг ДООЕЛ“ од Велес, избрано по спроведената тендерска процедура согласно правилата на Светска банка.

Повеќе...

osogovo adventure 201804.06.2018  Повеќе од 200 велосипедисти, планинари и рекреативци од Македонија учествуваа на планинско-велосипедскиот фестивал Osogovo adventure што годинава по втор пат се одржа на Осоговските Планини.

Организатори на настанот беа друштвото за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје и велосипедското здружение „МТБ Исток“ од Кочани, а целта е на рекреативците кои планинарат и спортуваат со планински велосипеди да им се доближат природните убавини на Осоговието и потенцијалите за планински спортови.

- Целта на Osogovo adventure е да прерасне во еден етаблиран планински фестивал во иднина, не само во рамките на Република Македонија, туку и на Балканот. Содржински, има две тури за велосипедисти - мала и голема тура.

Повеќе...

ucenici malina matematika04.06.2018   Второ и трето место за учениците од ОУ „Малина Попиванова“ на јуниорската математичка олимпијада што викендов се одржа во Скопје.

Учениците беа најдобри на државниот натпревар преку кој што си обезбедија учество на олимпијадата и во силна конкуренција од околу 60 ученици од цела држава тие го освоија сребрениот и бронзениот медал.

-Многу сум задоволна од мојот успех, ова за мене претставува мотив за уште поголем труд во иднина. Задачите беа тешки и имаше силна конкуренција, но сепак успеав да го освојам сребрениот медал. Работев под менторство на наставничката Лилјана Цветанова, рече Теодора Санева, ученичка во ОУ „Малина Попиванова“.

Повеќе...

promocija filipovski02.06.2018  Првиот том од „Македонска рок енциклопедија“ на Тошо Филиповски беше промовиран во петокот вечерта во Кочани, како една од придружните содржини на 55. Драмски аматерски фестивал.

Авторот искажа благодарност до фестивалската управа што овозможила книгата која е капитално дело за историјата на македонската рок-музика да доживее промоција во неговиот роден град.

- Ова е само гребење по површината на музичкото богатство што се натрупувало низ годините, а за негово целосно разоткривање потребно е подлабоко и посеопфатно истражување. Сега сум посветен на работата на следниот том од книгата, во кој освен Канго и групата „Тенеси“ свое место ќе имаат и други музичари од моето Кочани кои оставија белег на нашата рок-сцена, рече авторот Тошо Филиповски.

Повеќе...

promocija pankot e mrtov01.06.2018  Во рамките на придружните настани од 55. Драмски аматерски фестивал, кочанската публика имаше несекојдневна можност да ја проследи промоцијата на книгата „Панкот е мртов“ (Punk is Dead) од словенечкиот автор Томаж Космач.

Самиот автор објасни зошто токму овој наслов го избрал на книгата „Панкот е мртов“.

- Многумина велат дека панкот е се уште жив и дека многу бендови го свират на концерти, но морам да кажам дека е мртов. Јас знам многу стари панкери со своите семејства како бараат оброк за да прежиеват и се нервираат цело време и искажуваат пцовки на целиот свет а од друга страна се бунтуваат за панкот, затоа велам дека панкот е мртов, истакна Томаж Космач, автор на книгата.

Повеќе...

ucenici mos01.06.2018  Голем успех забележаа средношколците од Кочани кои учествуваа на финалниот натпревар од проектот за унапредување на дигиталната писменост во Македонија, познат како Microsoft Office Specialist.

Тие освоија најмногу поени од сите учесници, а победник стана Јорданчо Ефтимов, ученик во трета година во СОУ “Гошо Викентиев“.

На натпреварот кој започна кон крајот на декември 2017, се пријавија повеќе од 1000 млади, а Ефтимов освои максимален број поени. Со тоа ја освои првата награда и се стекна со право да патува на Светскиот натпревар во Орландо, на Флорида во САД, каде ќе ја претставува Македонија како најдобар Microsoft Office Specialist.

Повеќе...

komarci avionsko prskanje01.06.2018  Со авионското прсакње во раните утрински часови реализиран е дел од првата фаза од борбата против комарците. Третманот се спроведе на површина од 3.400 хектари во Кочанско и околу 1.200 хектари во виничкиот регион, а двете општини заедно вложија над 2 милиони денари.

Освен во населените места од низинскиот дел, со прскањето беа опфатени и оризовите површини кои се природни легла на комарците.

Во акцијата се користеше еколошки инсектицид Ауродил – Супер ПБ чиј хемиски состав нема штетно влијание врз луѓето и топлокрвните животински видови, а е одобрен од Бирото за лекови.

Повеќе...

press vmro101.06.2018  Протестниот собир на 2. јуни особено е важен сега кога постои најсилна опасност молчењето да се сфати како одобрување, односно како давање согласност со постоечката ситуација.

Нема човек во општина Кочани, освен оние кои се стекнаа со државни функции и високи позиции, кои се согласуваат со нула проценти на економски раст во Македонија. Нема граѓанин кој се согласува со економската катастрофа во режија на оваа влада, беше речено на организираниот прес на ОК ВМРО - ДПМНЕ Кочани.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

19°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: SSE при 4 kmh
Среда17°C/28°C
Четврток16°C/26°C
Петок16°C/29°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 136 гости и нема членови


web counter



qr code