Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ilijev kancelarija25.10.2018  На денешен ден точно пред една година градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев ја презеде функцијата.

На локалните избори во октомври минатата година, на кои оствари предност од 3.700 гласови во однос на противкандидатот Ратко Димитровски, Илијев оствари победа уште во првиот круг, по што следуваа правно-формалните и законски рокови пред да седне во градоначалничката фотелја.

Една година подоцна, осврнувајќи се на активностите што ги реализираше, во гостувањето на програмата на Канал 8 тој ја потенцираше наследената лоша финансиска состојба и задолженоста на Општината, што бил еден од најголемите предизвици на стартот на неговиот мандат.

Повеќе...

deponija opstina oblesevo25.10.2018  Единаесеттте општини од Источниот плански регион започнаа постапка за ликвидација на меѓуопштинското јавно претпријатие за управување со отпад „Депонија Исток“ со седиште во Штип.

На седницата на Комисијата за комунални работи при Советот на Општина Кочани беше речено дека причина за ликвидацијата на претпријатието е менувањето на пристапот за решавање на прибирањето, транспортот и одлагањето на комуналниот отпад.

Во иднина тоа треба да добие поширок, меѓурегионален опфат.

Повеќе...

mobilnost kviz24.10.2018  Прво место освоија членовите на здружението „Мобилност“ од Кочани на дваесет и четвртото издание на републичкиот квиз натпревар на лицата со телесен инвалидитет на Македонија.

Во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - „Мобилност“ натпреварот се одржа во село Банско, Струмица.

Во конкуренција од 16 екипи од здруженијата членки на сојузот а по исклучително интересна борба и презентација на знаења од повеќе области првото место го освои екипата на кочанското здружение а кое беше победник и во претходните две години во истиот квиз натпревар.

Повеќе...

mobilnost tortijada24.10.2018  На 21. јубилејна манифестација „Тортијада“, што во организација на здружението „Мобилност“ од Струмица, а финансиски поддржана од „Мобилност“ Македонија жените членови на здружението на телесни инвалиди од Кочани го освоија второто место со тортата „Горда мајка“.

Во силна кокуренција со учество на 15 здруженија на телесни инвалиди од Македонија кочанските жени Тања Миладинова и Здравка Данева од „Мобилност“ Кочани го освоија второто место.

Тања Миладинова и Здравка Данева додадоа дека овој пат сакаат да ја покажат својата хуманост и затоа средствата што ги добија од наградата за второ место на „Тортијадата“ ќе бидат донирани во хуманитарни цели за помош на Андреј Стојанов од Кочани кој боледува од церебрална парализа и му се потребни средства да замине повторно на третман со матични клетки во Русија.

Повеќе...

amfenol 5rodenden22.10.2018  Со свечена програма во Трговскиот центар, компанијата “Амфенол Технолоџи Македонија“ одбележа значаен јубилеј - 5 години постоење.

Во неделата “Амфенол“ имаше целодневна програма за граѓаните од сите возрасти. Почнувајќи со игри за најмладите, забавна програма со ди-џеј Ацко, настап на музичкиот бенд “Кирилична поддршка“ и познатиот Влатко Лозановски, како и со официјален дел на доделување благодарници и најгради на најдобрите и најлојалните работници „Амфенол Технолоџи Македонија“ го  одбележа својот 5-ти роденден.

Повеќе...

meteoroloska poseta16.10.2018  Учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ и СОУ „Методи Митевски - Брицо“ од Делчево и со професорите по географија Ирина Тодорова и Сребрен Ѓорѓиевски, во заедничка соработка и реализирање часови на тема „Синоптиката како дејност во служба на луѓето“ со посета на метеоролошката станица во Виница.

Од таму се вратија и реализираа час во кочанската гимназија.

-На заедничката активност беа објаснети сите метеоролошки елементи. Се вративме тука, во нашата гимназија, и им посакавме добредојде на гостите со еден отворен час за метеоролошките елементи.

Повеќе...

ljupco santov1115.10.2018  Екипа од 20 ученици и 5 професори од СОУ „Љупчо Сантов“ викендов беа дел од едукативната работилница во село Негрево, Пехчевско во новоотворениот едукативен центар за зачувување на природата.

Истиот е отворен со  финансиска  поддршка  од Швајцарска агенција за развој и соработка преку проектот за зачувување на природата.

- Кустосот Верица Арнаутовска таму не информираше за целта на постоење на едукативниот центар и меѓу другото промовираше дека целиот тој регион спаѓа во групата на заштитени подрачја од причини што таму е најдено едно инсективорно растение кое што се храни со инсекти кое што е ендемски вид и не се среќава на друго место.

Повеќе...

kiril i metodij15.10.2018  Ликовна работилница на тема „Витраж“ се одржа во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ под менторство на ликовниот уметник Владимир Темков.

Целта на ваквите  работилници е преку директните контакти и средби со врвните ликовни уметници учениците да ја научат сликарската техниката „витраж“ но и да се развие и зголеми љубовта и интересот кон сликањето и уметноста.

Активноста е дел од проектот „Сонцето е ѕвезда“ чија цел е витражот како техника да ја приближи до учениците.

Повеќе...

asfaltiranje jakimovo03.10.2018  Механизација и работници на градежната компанија “ВЕ-група“ од Радовиш го завршија асфалтирањето на една од централните улици во селото Јакимово, со што Општина Виница ја продолжува реализацијата на проектот за изградба и комплетирање на 12 улици во градот и во населените места.

Градежните работи на сообраќајницата во Јакимово чиеа над 500 илјади денари, а со нејзиното завршување се решава важно инфраструктурно прашање, со оглед што таа е и дел од локалниот пат кон селото Истибања.

Од Локалната самоуправа се задоволни што навреме е реализиран планот за асфалтирање и најавуваат дека проектот продолжува во другите населени места во општината.

Повеќе...

pat ponikva112.10.2018  Започнаа градежните работи за реконструкција и преасфалтирање на патниот правец од Кочани кон туристичко-рекреативниот центар Пониква на Осоговските Планини, за што државата вложува близу 102 милиони денари.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, кој заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов и градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев го посети градилиштето, рече дека во овој регион се започнати крупни инвестиции во патната инфраструктура.

Повеќе...

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 725 гости и нема членови


web counter



qr code