Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
spomenik sloboda327.10.2017  Вкупно 5 пријави со идејни решенија пристигнале во Општина Кочани на објавениот оглас за уредување парк во околината на Споменикот на слободата на ридот Локубија.
 
Сите се од архитекти од Македонија кои изразиле свои размислувања како треба да изгледа окружувањето што заедно со споменичниот објект подолг период се без никаква интервенција.
 
За да предизвика поголем интерес во текот на летото беше упатен јавен повик со кој на заинтересираните им се нудеа и парични награди за најдобрите решенија. Сепак, по разгледувањето на пристигнатите трудови, петчлената жири комисија од Локалната самоуправа на Кочани одлучила дека само еден заслужува поголемо внимание.
 

mapa izbori30.10.2017  Дел од новоизбраните градоначалници на општините во Источниот регион за првпат ќе се најдат на таква функција, а со нивното преземање на раководењето на локалната самоуправа, по подолг период во некои општини има смена на политичките опции.

На прес-конференција што ја организираше новиуизбраниот градоначалник на Виница, Ивоица Димитров, им се заблагоадраи на граѓаните за довербата, при што вети дека останува на дадените ветувања дека оти ќе работи во интерес на сите.

- Да ги поздравам граѓаните на општина Виница кои вчера излегоа и го дадоа гласот за живот во нашата општина.

Повеќе...

straso pindzur rabotilnica27.10.2017  „Ајде да играме живо, а учиме дигитално“ е Еразмус плус проект во кој е вклучено и ОУ „Страшо Пинџур“ од Соколарци, општина Чешиново – Облешево, заедно со уште 5 eвропски училишта од Турција, Романија, Бугарија, Полска и Литванија.
 
Преку проектот учениците и наставниците преку разни активности се запознаваат за начини и апликации за користење на модерната технологија во процесот на учење, а во исто време преку забавни, спортски и културни активности и манифестации учат за природата и игрите на отворено и затворено.

Повеќе...

sostanok oriz kina26.10.2017  Претставници од Амбасадата на Народна Република Кина, од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и од Институтот за ориз, одржаа средба за реализација на проект преку платформата „16 + 1“.
 
Носител на проектот е Центарот за промоција на земјоделската соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа.

Според Васил Гелев, директор на Центарот за земјоделска соработка со седиште во Софија, Македонија и научните работници од Институтот за ориз имаат можност да спроведат проект за демонстративни опити на хибридни сорти ориз од Кина.

Повеќе...

vmro zrnovci oblesevo26.10.2017  Неколку дена пред одржувањето на вториот круг од локалните избори на кои треба да се изберат градоначалници, во општините Зрновци и Чешиново-Облешево се одржаа предизборни собири со граѓаните што ги организираше коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Притоа, беше речено дека поддршката од гласачите за нивните кандидати е многу важна за да продолжи реализацијата на досегашните и да започнат нови проекти.
На собирот во Зрновци актуелниот градоначалник Блаже Станков, кој повторно ја бара довербата од граѓаните, рече дека за новиот четиргодишен мандат нуди обезбедување топол оброк за учениците, како и инфраструктурни проекти што главно се насочени кон водоснабдувањето на жителите од трите села.

Повеќе...

akva renoviran26.10.2017  В петок, 27 октомври свечено ќе биде отворен реновираниот ресторан Аква во Кочани.
 
Станува збор за елитен ресторан уреден по сите светски стандарди кој што им беше на располагање на граѓаните и досега, но од петок во нов амбиентален простор наменет за целосно уживање, реновиран и комплетно уреден, со нови специјалитети на храна, подготвени од врвни мајстори во кулинарството.

Освен новиот амбент и реновираниот простор, во ресторанот се внесени и нови содржини за комплетно релаксирање на возрасните и забава за децата.

Повеќе...

klarisa aksdemija26.10.2017  Во присуство на голем број гости синоќа беше отворена Клариса академија во Кочани.
 
Станува збор за обука за стручна подготовка на оние кои прв пат започнуваат со изработка на нокти, односно за оние кои што сакаат да научат маникир и педикир, но и за веќе искусните кои што сакаат да се усовршат во својата работа.
 
Им се нуди широк избор на курсеви, обуки за акрил, гел, декорации, трајни тетоважи, депилации и слично, па се до доаѓање и до мастер диплома што значи едукатор во Клариса. Освен тоа, академијата „Клариса Балкан“ дистрибуира се што е потребно од материјал и козметика за козметичките салони.

Повеќе...

dodeluvanje uverenie gradonacalnik25.10.2017  Со добивањето на уверенијата по завршениот прв круг од локалните избори, новиот градоначалник и членовите на Советот на Општина Кочани и официјално го започнаа својот мандат.
 
Во салата на Советот, претседателката на Општинската изборна комисја, Марија Гоцева им честиташе на изборот и им посака успешна и ефикасна работа во исполнувањето на проектите и решавањето на комуналните прашања што се од интерес на граѓаните.
 
Порача дека тоа е нивна основна должност, затоа што со добивањето на функцијата се стекбнале и со обврската да помагаат во развојот на општината и унапредувањето на условите за живеење.

Повеќе...

sobir sdsm zrnovci125.10.2017  Предизборни собири со граѓаните на Зрновци и Чешиново-Облешево организираше коалицијата што ја предводи СДСМ пред претстојното гласање во вториот круг од локалните избори.
 
Притоа од гласачите беше побарана поддршка за кандидатите за градоначалници што се предложени од оваа коалиција, за да можат да се реализиараат најавените проекти.
 
Најпрвин во Зрновци се одржа собиор на кој кандидатот за градоначалник на Општината се забалгосари од лично и од име на советничката група за големата поддршка што ја добија во првиот круг од изборите.

Повеќе...

voda cesma124.10.2016  Над 61 денар ќе треба во 2020 година да плаќаат граѓаните на Кочани за потрошен метар кубен вода за пиење. Тоа е сумата што ја пресметале во КЈП “Водовод“ и веќе ја доставиле до државната Регулаторна комисија за енергетика, која според новите законски прописи ја определува цената на водата во сите општини.
 
Според калкулациите во кочанското јавно претпријатие, поскапувањето на водата ќе се прави сукцесивно во наредните две години, односно од 55,5 денари догодина, ќе стигне до определениот износ во 2020-та.

Во споредба со другите градови во Македонија, жителите на Кочани ќе плаќаат најскапа вода за пиење. Цената е двојно повисока од онаа во Скопје каде метар кубен треба да достигне 23,98 денари.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 180 гости и нема членови


web counter



qr code