Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

volonteri brana09.08.2017  Петнаесетина волонтери од неколку европски земји се носители на еколошката акција за расчистување на околината на браната Гратче.

Организирани преку кочанското здружение на студенти “Павел Шатев“, ја прифатиле иницијативата на нивни колеги и ја реализираа на дело.

Волонтерите кои преку студентската размена од програмата Еразмус плус и од Европскиот волонтерски сервис веќе неколку месеци престојуваат во Кочани, слободното време во викендите го користеле за пешачење до Гратче, каде забележале дека локациите кај водопадот и на поранешната плажа спроти стариот мотел се полни со отпадоци и неуредни.

Повеќе...

moskito mon blan09.08.2017  Членовите на КПС “Москито“ од Кочани се вклучуваат во планираната акција за искачување на највисоките врвови на Алпите.

Во план е да се освојат Мон Блан, Гран Парадисо и Триглав, а експедицијата да стартува на 15 август. Во екипата што ќе  ги освојува највисоките врвови во Западна Европа се Крумислав Цеков, Борис Поп Горгиев, Лоранс Марков и Бојан Мичев, кои планираат долгата тура да ја започнат од Шамони, преку Аоста-понт до Аљажев дом.

Спортско-техничката организација и подготовка на нашата експедиција трае повеќе од една година, при што таа помина низ напорна работа и обука.

Повеќе...

med prodazba09.08.2017  Сведоци сме дека по маркетите се продава мед со многу ниска цена отколку што го продаваат пчеларите од Источна Македонија.

Истиот е со сомнителен квалитет, па пчеларите со апел да не се продава сомнителниот мед под називот „Македонски мед“, туку на етикетата да стои од каде е увезен. Македонскиот мед е бренд и е доста  квалитетен и не може со него да се манипулира, велат пчеларите.

-Тој мед е сомнителен бидејќи во него има нешто што не е мед. Истиот е увезен мед и ние како пчелари реагираме на тоа што ако веќе се увезува, нека стои на етикетата дека е увезен од Кина или од Молдавија.

Повеќе...

cesma voda nema08.08.2017  Поради екстремно високите температури и нарушените хидролошки состојби во регионот, како и од енормно зголемената потрошувачка особено во вечерните часови и нерационалното користење на водата, КЈП “Водовод“ започнува со рестрикции за корисниците кои се приклучени на градската водоводна мрежа.

Во писмениот допис до медиумите, од Претпријатието велат дека се принудени да воведат осумдневна наизменична рестрикција во сите зони во населените места и во градот.

Рестрикциите се воведуваат со цел водата да стигне до сите потрошувачи, бидејќи превентивните мерки со контроли и санкции против несовесните потрошувачи не ги дале очекуваните ефекти.

Повеќе...

metodi  hum09.08.2017  Методи Митев од Кочани повторно со хуманитарни акции и забави со цел собирање средства за операцијата во Кина која што треба да му овозможи да застане на нозе.

На 18 август за негова помош ќе биде организирана хуманитарна забава во дискотеката Аква со почеток во 23.00 часот на која ќе настапа познати пејачи и групи.

- Сакам повторно да истакнам дека тешко ми оди собирањето на парите за операцијата. Болеста ми се шири и на рацете, често се онесвестувам и состојбата ми се влошува. Затоа ги молам сите хумани граѓани на 18 август повторно да ја покажат својата хуманост и да донираат за мене.

Повеќе...

vinica panorama107.08.2017  Кадровски промени на неколку институции кај кои надлежностите ги има државата деновиве се направени во Виница.

Откако првично беше најавено дека за нов директор на Здравствениот дом е назначен Венцо Вуинов, од Министерството за здравство дојде исправка на таквата информација. Всушност, на чело на виничката јавна здравствена установа е поставен доктор Венко Данчев, специјалист по интерна медицина, кој и до сега беше вработен во оваа институција.

Во претходниот состав  на  Советот на Општина Виница, тој беше и негов член, а ја претставуваше коалицијата предводена од СДСМ.

Повеќе...

niva voda poplavena08.08.2017  Сезоната за наводнување е во тек, но истовремено и во многу критична ситуација.

Со зголемувањето на температурите се зголемија и потребите за вода, но и несовесноста на земјоделците кои што доста себично се однесуваат во наводнувањето со тоа што водата ја корситат за наводнување на стрништата.

Екипи на Водостопанство на Македонија подружница „Брегалница“ Кочани дежураат со полиција и им пуштаат пријави на несовесните корисници.

Повеќе...

BRZA POMOS07.08.2017  По смената на раководството на Здравствениот дом во Виница и назначувањето на д-р  Венко Данчев за нов директор, од денеска и кочанските здравствени установи со нови раководства.

Имено, на Здравствен дом Кочани за нов директор од страна на Министерството за здравство е назначена д-р Лолита Андоновска. Андоновска е специјалист  по патологија и работи  како патолог во кочанската болница. Доаѓа на местото на д-р Иван Спанчевски, специјалист по училишна медицина кој што досега го раководеше Здравствениот дом во Кочани.

На Центарот за јавно здравје Кочани, д-р Магдалена Манасиева. Манасиева е општ лекар и веќе десет години работи на Итната медицинска помош во кочанскиот здравствен дом. Директор на Центарот за јавно здравје доаѓа на местото на Димитар Димитров кој што досега раководеше со здравствената установа.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

20°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 78%
Ветер: North при 0 kmh
Петок17°C/33°C
Сабота18°C/35°C
Недела16°C/34°C
Понеделник14°C/26°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 80 гости и нема членови



web counter




qr code