01.10.2018 И годинава традиционалното зажнејување со срп беше дел од манифестацијата “Денови на кочанскиот ориз“. Во настанот учествуваа овогодишната жетварска убавица Марија Симеонова и нејзините придружнички, со што симболично беше означен почеток на жетвата на засеаните близу 2.600 хектари.
На површините на Земјоделскиот институт во Кочани со благословв и песна од аргатите се чествуваше собирањето на кочанското “бело злато“.
На настанот присуствуваа поголем број гости од земјата и странство, меѓу кои и евроамбасадорот Самуел Жбогар, министрите Љупчо Николовски и Сухејл Фазлиу и градоначалниците од регионот и од збратимените градови. Сите тие дојдоа да ги видат обичаите што се дел од манифестацијата “Денови на кочанскиот ориз“.
01.10.2018 Бројот на граѓани од општина Кочани кои излегоа да гласаат на референдумот викендов е за неколку проценти понизок од просекот на државно ниво, кој изнесува 34,7 отсто.
Од вкупно запишаните 32.998 гласачи во избирачкиот список, на 63 избирачки места излегле 9.541 што изнесува 28,94 отсто. Притоа со “за“ на рефереднумското прашање се изјасниле 8.788 граѓани, што е 84,4 отсто од оние што гласале, додека против биле 1.122 односно 10,7 отсто од гласачите.
Според резулттаите пто ги објави ДИК, во општина Виница на рефереднумот излегле да гласаат 4.063 од вкупно зпаишаните 17.143, што значи дека гласачкото право го оствариле 23,7 отсто граѓани. Притоа, 3.629, односно 85,2 отсто од нив гласале “за“, додека 375, односно 8,8 отсто биле против референдумското прашање.
28.09.2018 Во конкуренција од 12 преубави девојки на традиционалниот избор на жетварска убавица, жири комисијата имаше тешка задача да ја избере најубавата.
Престижната титула жетварска убавица на Кочани за 2018 година ја понесе 17-годишната Марија Симеонова од Кочани, ученичка во СОУ „Љупчо Сантов“.
- Многу сум задоволна и среќна што ја понесов оваа титула Жетварска убавица на Кочани за 2018 година. Прв пат учествувам во оваа манифестација и не ја очекував наградата, рече Марија Симеонова, жетварска убавица на Кочани за 2018.
26.09.2018 Со изборот на жетварска убавица што ќе се одржи в четврток во 19 часот во градскиот парк во Кочани, започнува 27. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.
Годинава во конкуренција се 14 девојки на возраст од 15 до 20 години, при што изборот на жетварска убавица ќе го изврши жири комисија од пет члена, од кои четворица се стилисти, а еден е претставник на Општина Кочани.
Изборот ќе претставува своевиден перформанс во режија на артистката Кристина Атанасова Арсова.
26.09.2018 Во реализацијата на програмата за изградба и рекјонструкција на сообраќајната инфраструктура за оваа година, Локалната самоуправа на Кочани го вклучува докомплетирањето на уште три улици во градот. Се работи за делови од улиците “Блаже Поп Арсов“, “Ѓорѓи Пулески“ и “Стамен Манов“.
Според проектната документација, планирано е целосно да се завршат, односно да се доасфалтираат уште околу 800 метри на трите улици.
Притоа, освен асфалтирањето на “Блаже Поп Арсов“ предвидено е да се изградат и потпорни ѕидови во должина од околу 20 метри со што ќе се стабилизира теренот каде што подоцна ќе се изведуваат планираните градежните работи за асфалтирање.
26.09.2018 Граѓаните на Македонија имаат историска шанса да ја определат натамошната иднина на државата и јас верувам дека ќе ја искористат со тоа што позитивно ќе се изјаснат на претстојниот референдум за стапување во сојуз со развиените и демократски земји во Европа и светот.
Ова го истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев на трибина со граѓаните на Виница што се одржа во вторникот вечерта, како дел од предреферендумскиот караван на коалицијата “Заедно за европска Македонија“.
Притоа, Заев ја истакна важноста на постигнатиот договор со Грција и рече оти очекува поддршка од граѓаните на референдумското изјаснување.
25.09.2018 Изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Кочани се реализира според планираната динамика и сите оперативни објекти се во завршна фаза.
Градилиштето кај кочанското село Мојанци, каде што е лоциран комплексот за пречистување, го посети амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Тејада при што на работна средба со тимот швајцарски и локални експерти и претставници на градежните компании беа претставени тековните активности.
На средбата присуствуваше и градоначаллникот на Кочани, Николчо Илијев, при што гостите го пренесоа задоволството од тоа како се одвиваат градежните работи.
26.09.2018 Кочани една од трите општини каде што ќе проработи агрометеоролошката станица, што е инсталирана на површините на Земјоделскиот институт.
Станицата е обезбедена во рамки на Проектот за намалување на негативното влијание од климатските промени. Таа ќе им биде од корист на земојделците заради навремено информирање во врска со временските непогоди.
Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство оцениле дека Кочани е еден од регионите што се загрозени и во последниве години се забележани големи штети во земјоделството,а со оваа станица навремено ќе се имаат потребните информаци за состојбата со времето.
24.09.2018 Седум лица од Виница кои се пожалиле на труење со храна се задржани на лекување во Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип.
Од Здравствениот дом во Виница потврдија дека во изминатите два дена кај нив на преглед се јавиле поголем број пациенти со стомачни проблеми, главно со симптоми на повраќање и дијареа, од кои дел биле препратени во штипската болница.
Најголем број од затруените се пожалиле дека јаделе храна од сендвичарница во Виница, но дел од нив биле на прослави и во соседните градови.
24.09.2018 Македонското еколошко друштво во соработка со спортските здруженија „МТБ Исток“ и „Москито“ од Кочани го одбележa 23 септември -Денот на Зелениот појас.
По тој повод беше организирана велосипедскатуранаречена „По патека на Железната завеса“, која ја следи некогашната Железна завеса, низ предел кој е живописен спој на природата и историјата.
Со градоначалниците на Кочани, Македонска Каменица и Крива Паланка – Николчо Илијев, Соња Стаменкова и Борјанчо Мицевски беше реализирана средба на на врвот Сокол, каде се споделија идеи и размислувања околу иницијативата за прогласување на Осогово за заштитено подрачје.