Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

АД Водостопанство: Ќе има доволно вода од хидросистемот „Брегалница“ за полињата во Кочанско и Светиниколско

автор: Т. Ајтовски
8 мај, 2025
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
АД Водостопанство: Ќе има доволно вода од хидросистемот „Брегалница“ за полињата во Кочанско и Светиниколско

И покрај неповолната хидролошка состојба ќе обезбедиме вода за наводнување на полињата во кочанскиот и овчеполскиот регион, користејќи ги капацитетите на хидросистемот „Брегалница“, најави извршниот директор на АД Водостопанство, Филип Филиповски на денешната прес-конференција во општина Чешиово-Облешево.

-Вода ќе има за сите земјоделци, тоа е јасна порака од раководството на АД Водостопанството. Нормално е во услови на низок водостој во браната Калиманци да правиме планови за рестрикција и тоа е нешто нормално, се случувало и во минатото. Водата што сега ја имаме имаме, некаде околу 80 милиони кубни метри во акумулацијата, мора да ја штедиме. И земјоделците и вработените во Водостопанство мора да се вклучат во рационално користење за наводнување. Формиравме оперативен тим и секојдневно луѓе од Дирекцијата од Скопје ќе бидат присутни наши овде за секоја хидраулична целина, ќе имаме телефонски броеви за пријавување можни несакани дејства и насочувања на водните ресурси што би биле залудно потрошени, истакна Филиповски.

Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи постои поволен период, што според Филиповски треба да помогне во полнењето со вода на акумулацијата Калиманци. Нагласи дека состојбата во АД Водостопанство е лоша и ќе се прават напори за надминување на проблемите.

-Колегите кои работат десетици десетици години наназад во АД Водостопанство прават сѐ за изготвување решение како да се пушти вода во сите полиња. Вработените имаат пет неисплатени плати, сите возила се  хаварисани, нема ниту едно возило во подрачната единица и ниту еден багер. Веќе обезбедивме санација на сите возила и линеарно зголемување на платите на сите вработени, а оние кои ќе се ситакнат во работењето ќе бидат и надградени. Исчистивме 70 отсто од каналите што не е мала работа во услови на целосно хаварисан систем во Водостопанство. Владата ни обезбеди пет плати за вработените во водостопанство, а се обидуваме финансиски да се стабилизираме, додаде Филиповски.

Во обраќањето кон земјоделците нагласи дека само вработените во Водостопанство смеат да ги насочуваат и да управуваат со водните ресурси, а секое друго недозволено дејство ќе биде законски санкционирано.

Дополнителен проблем за овогодишната наводнителна сезона е што минатата година непотребно биле испуштени околу 20 милиони кубни метри вода од браната Калиманци.  

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: ад водостопанствобрана калиманцинаводнувањеоризопроизводство

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“
Кочани

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“

автор: Т. Ајтовски
9 декември, 2025
0

Кон реализација на кампањата „16 денови активизам против родово базирано и семејно насилство“ со своја програма се приклучи и ЈОУБ „Искра“ од Кочани. Во тие рамки беше промовирана...

прочитај повеќе
Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани
Кочани

Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани

автор: Администратор
7 декември, 2025
0

Родителите на загинатите деца во трагедијата во „Пулс“ испратија писмено соопштение до јавноста во кое демантираат дека се спротивставиле на новогодишното украсување на градот. „Во последните денови во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
дек 10, 2025 - сре
Кочани, MK
5°C
облаци
облаци
1 m/s, NE
78%
768.07 mmHg
wed12/10 thu12/11 fri12/12 sat12/13 sun12/14
облаци
12/5°C
неколку облаци
13/8°C
чисто небо
12/7°C
чисто небо
11/6°C
чисто небо
11/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?