На денешниот 17 март активистите и волонтерите на Црвен крст ја одбележуваат 80-годишнината од основањето на најголемата хуманитарна организација, а трагичниот пожар во Кочани уште еднаш ја потврди нивната посветеност да им помагаат на луѓето.
Со возила и луѓе Црвениот крст од Кочани уште во првите моменти од несреќата се вклучи во пренесувањето на повредените до Општата болница, а потоа, во текот на целиот ден, заедно со волонтери и активисти од повеќе градови во државата, во болничкиот круг несебично им помагаа на роднините и пријателите кои очекуваа вести за своите најблиски. Обезбедуваа вода, храна, медицински средства, неопходна опрема, утешуваа…

Големата трагедија го сврте вниманието од големиот и значаен јубилеј, затекнувајќи ги активистите на Црвен крст во нов предизвик што ќе продолжи и во наредниот период.

Благодарност за нивниот придонес и уште многу години да го одбележуваат 17 Март – Денот на основањето на македонскиот Црвен крст.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.