По повод Европската недела на имунизацијата екипа од Службата за имунизација при Општата болница со проширена дејност – Кочани денеска имаше активност во Паркот на Револуцијата. На терен, отворено се разговараше со родителите на децата за да се разрешат сите дилеми што тие ги имаат во врска со имунизацијата.
На родителите им беше укажано дека вакцините спасуваат животи, а здравјето на идните генерации зависи токму од вакцинирањето.

Во разговорите на претставниците од Службата со родителите, беше пренесена и пораката: „Со навремена имунизација го штитите вашето дете од заразни болести и од опасни бактерии и вируси кои не окружуваат насекаде. Не можеме да ги уништиме вирусите и бактериите, но можеме да се имунизираме и да се заштитиме.“
Со слични активности медицинските лица ќе продолжат и во наредниот период.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.