На 6 септември екипа на ПСК „Осогово“ учествуваше на традиционалното искачување на највисокиот врв во Македонија – Кораб на 2764 мнв. Истиот ден се одржа и планираната тура до Раткова Скала на 1250 мнв, заедно со членовите на ПСК „Кожув“ од Гевгелија.
Активностите на планинарите продолжуваат и викендов. За в недела се најавува искачување на највисокиот врв на Баба Планина – Пелистер, на 2601 метар. Притоа ќе се пешачи по стандардната патека, откај ловечката куќа.
Освен тоа, како посебно постигнување е што кочанскиот планинарски клуб го доби и првиот женски планински водич во Источна Македонија. На обука за жени планинарски водичи што ја организираше македонската планинарска федерација, а што се одржа на Пелистер од 3 до 7 септември, учествуваше и нашата кандидатка Стојка Антова. Таа успешно го помина тестот и обуката, и се стекна со сертификат за планински водич од категоријата А1 – планинарење по лесни патеки во летни услови.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.