Екипи од водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани се ангажирани околу расчистувањето на речните корита и на каналската мрежа.
Според директорот на водостопанската подружница „Брегалница“, Дени Митров во моментот се работи со три градежни машини кои вршат ископ на каналите за наводнување и одводнување, а до сега работата е завршена со околу 50 отсто од планираното. Истовремено се работи на зајакнување на речните брегови, особено на реката Масалница, каде дошло до попуштање и излевање на водата. За среќа поплавени се мали земјоделски површини, а истекувањето ан водата е запрено.
Исто така, целосно е санирана состојбата со Зрновска Река која на почетокот на февруари се излеа и поплави овоштарници и ниви, а се работи и на чистење на коритото на Градечка Река.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=9d15ceGwZqw
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.