Акцијата е превентивна и е во рамки на програмата за заштита на населението од заразни болести, во која е вклучено и редовното прскање против комарците. Со оваа активност се третираат околу 1.300 шахти во населените места, а за набавка на препаратот од општинскиот буџет се издвоени 150 илјади денари.
Акцијата за дератизација се спроведува токму во овој период од годината затоа што по завршувањето на жетвата на оризот вообичаено се регистрира зголемено присуството на глодари во населените места.
Од Центарот за јавно здравје информираа дека кумаринските мамци се специфично обоени парафинирани блокови и се лесно воочливи, заради што упатија апел до граѓаните доколку ги забележат да не ги допираат.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.