Во рамки на проектот „Зелен волонтеризам“, Општинската организација на Црвен крст – Виница заедно со Доброволното противпожарно друштво Виница организираше еколошка акција за пошумување.
Волонтери од Организацијата и членови на Друштвото засадуваа млади зимзелени садници на локацијата Врши Дол.
Во активноста се приклучија наставници и ученици од основните училишта „Славчо Стојменски” и „Гоце Делчев”, како и средношколци од СОУ „Ванчо Прке, кои со својот ангажман дадоа значаен придонес во раззеленувањето на околината. Придонес во пошумувањето дадоа и подружницата на ЈП Национални шуми, Локалната самоуправа на Виница, како и неколку локални приватни претпријатија.

-Акцијата претставува уште еден чекор кон поттикнување на младинскиот активизам, еколошката свест и одговорноста кон природата. Заедно создаваме позелена и поодржлива Виница, истакнуваат од Општинскиот Црвен крст – Виница.

Освен унапредувањето на животнатa средина, една од целите на проектот во чии рамки беше пошумувањето е и јакнење на заедницата, како и поттикнување на младинскиот активизам, еколошката свест и одговорноста кон природата, а сето тоа се одвиваше под мотото „Храброста ја зајакнува заедницата“.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






