По повод Светскиот ден за чистење на планетата Земја, денес кај спомен домот „АСНОМ“ беше спроведена акција за чистење на дивите депонии. Во јавната акција беа вклучени ученици од училиштатата во Кочани, како и опшествено одговорни компании.
Од КЈП „Водовод“ истакнаа дека на оваа локација сѐ почеста слика се дивите депонии и поради тоа се чистат секој вторник и петок.
-Денеска, 16 септември е Светскиот ден за чистење на планетата Земја. Акцијата се спроведува во повеќе од 180 држави. Општина Кочани заедно со КЈП „Водовод“, опшестевно одговорни компании, ученици од училиштата во Кочани се приклучија во јавната акција. Со помош на екипите од Градско зеленило и Комуналан хигиена ја одбележуваме оваа акција за почиста животна средина, истакна Перо Георгиевски, директор на КЈП „Водовод“.
Од КЈП „Водовод“ упатија апел до сите граѓани да го селектираат отпадот на претходно обележаните места, а во иднина грдите слики од дивите депонии да бидат поретки.
-Сакам да апелирам до сите граѓани сметот да го депонираат во поставените контејнери, а комуналниот отпад да го селектираат на обележаните места. Исто така, упатувам апел и до комуналните редари да излегуваат почесто на терен и да применуваат ригорозни казни за несовесните граѓани, додаде Георгиевски.
Јавната акција за чиста и здрава житотна средина беше поддржана од Општина Кочани.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.