Група млади екоактивисти од Кочани и Прилеп спроведоа Креативна акција за актуелизирање на локалниот проблем со кој се соочуваат граѓаните на општина Кочани – загадувањето предизвикано од градската депонија над селото Бели.
Активистите нагласија дека жителите на Кочани со години на своја кожа ги чувствуваат последиците од сериозното загадување на воздухот како резултат на палењето на депонијата која се наоѓа во заштитеното подрачје Осоговски Планини.
-За време на летниот период граѓаните особено се подложни на труење како резултат на глобалното затоплување и човечката негрижа, што негативно се одразува врз здравјето на луѓето, на здравјето на децата, а дополнително се одразува на животната средина.
И покрај многубројните алармирања од страна на екологистите и граѓаните, решение за проблемот не е пронајдено. Оттука, ги повикуваме локалните власти сериозно да го сфатат проблемот со аерозагадувањето и во најскоро време да се пронајде начин за правилно управување со отпадот, дислоцирање на сегашната депонија до почнувањето со работа на предвидената регионална депонија во селото Мечкуевци, Свети Николе, истакнаа екоактивистите.
Младите алармираат и бараат итно решение од надлежните институции да преземат инцијатива и да покажат дека се грижат за своите грѓани и животната средина.
Акцијата беше спроведена во рамки на проектот „Видливи, здружениа и гласни – Акција за еднаквост и недискриминација преку учество и мултисекторска соработка“ во рамки на програмата Civica Mobilitas.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.