Тимот на „Але-Дар премиум“ е победник на 11. Издание на турнирот во мал фудбал во рамки на Илинденските спортски игри во Зрновци, кој во финалниот натпревар ја совлада екипата на „Амфенол“ со резултат 6:1.
Градоначалникот на Oпштина Зрновци Борчо Коцев им ги додели признанијата и медалите на трите победнички екипи, како и на најдобриот играч Кристијан Блажев,најдобриот голман Јовица Ефтимов и најдобриот стрелец Ангел Дамевски.
-На овогодишното 11. издание учествуваа шест екипи од три општини од регионот. Победници се фудбалерите на „Але-Дар премиум“, второто место го освои екипата на „Амфенол“, а третопласирана беше екипата на „Дамјан“. Им се заблагодарувам на сите учесници, организаторот Локалниот младински совет од Зрновци. Сите екипи покажаа фер плеј игра, истакна градоначалникот Коцев.
Наградниот фонд за фудбалерите на „Але-Дар премиум“ изнесуваше 30.000 денари, за „Амфенол„ 20.000 и на третопласираната екипа „Дамјан“ и беше доделен паричен ваучер од 10.000 денари.
Сите натпревари се одиграа на повеќенаменското спортско игралиште „Васе Ангелов“ во Зрновци.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.