Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Амбасадорите на Франција и Швајцарија во посета на Општина Кочани

автор: Т. Ајтовски
22 март, 2018 21:47
во Некатегоризирано
време на читање: 1 мин.
A A

Исто така, стана збор и за можностите за продолжување на соработката во другите области, пред се економијата и искористувањето на природните ресурси.

– Овде покрај другото ги допревме другите прашања и нашите стратешки интереси за развој на нашата општина, искористување на ншите природни богатства, како што се термалните води и евентуалната можност за натамошно разговарање за изнаоѓање потенцијални инвеститори од Република Франција. Ние остануваме отворени за соработка, очекувам дека по оваа прва наша средба по краток период господинот амбасадор ќе најде простор и време да направиме уште една средба, ќе ми биде драго ако биде во Кочани, но ако не е можно јас сум подготвен да ја направиме средбата таму каде што ќе дадат термин, се со цел да ги продолжиме и да ги продлабочиме нашите разговори во натамошниот развој на соработката, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Амбасадорот Тимоние се заблагодари за можноста да го посети Кочани и да поразговара за понатамошно проширување на соработката со нашата општина.

– Како амбасадор на Франција мошне ми е драго и среќен сум што можам на еден претставник од Франција да и го претставам резултатот на целокупната заедничка соработка која што трае. Тоа покажува дека парите од француските даночни обврзници добро се искористени во Кочани, но тоа покажува и дека Македонија знае како да управува со меѓународната помош. Мислам и дека покажува кој е добриот пат, затоа што сега Македонците треба да покажат дека се обединети кон таа цел и дека се обединети на патот кон Европа. Франција е на ваша страна да ве поддржува, рече Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција.

На средбата меѓу градоначалниот Илијев и амбасадорот Тимоние присуствуваше и пратеничката во францускиот парламент, Лилјана Танги, која по потекло е од Македонија. И таа ја искажа својата подготвеност да помогне во подобрувањето на односите меѓу двете земји, особено во приближувањето на Македонија кон ЕУ.

– Навистина сум почестена што денеска сум кај градоначалникот на Општина Кочани, доаѓам како пратеник во француското собрание, но исто така и како пријател на оваа земја, бидејќи како што слушнавте, влечам корени од овде, и навистина има неколку желби, затоа што навистина, нели,  сум потпретседател на комисијата за европски прашања при француското собрание, но и потпретседател на групата за пријателство Франција – Македонија, која што делува во рамки на француското собрание. Дојдена сум да учествувам и да ги олеснам односите меѓу двете зеји, кои што се многу важни, ќе се обидам да ги истакнам сите предности кои што ги поседува овој регион на економски и на технички план, затоа што сум убедена дека Франција може да ја даде својата помош. Уште поголема помош може да пристигне од Европската Унија за развој на сите овие земји, преку спроведување на конкретни проекти кои ќе помогнат низ духот на политичката толеранција на сите чинители на општеството, Македонија да ја направат подобра земја и да ја однесат на патот кон нејзина европска интеграција, рече Лилјана Танги, пратеник во Парламентот на Франција.

Пред средбата со гостите од Франција, градоначалникот Илијев имаше и работна средба со амбасадорката на Швајцарија, Сибиле Сутер Тејада.

Приемот се одржа на локацијата каде што во моментот се гради пречистителната станица за отпадни води во близина на селото Мојанци, проект за кој поддршка дава токму швајцарската влада.

Притоа беше направена кратка ретроспектива на досега завршените градежни работи на самиот објект, како и за инсталирањето на колекторскиот систем за отпадни води. Според планирањата, целиот проект тече без проблеми и се очекува да биде завршен навреме.

Градоначалникот Илијев се заблагодари на швајцарската амбасадорка за дадената доверба кај нас да се гради важен објект со кој ќе се обезбеди зачувување на животната средина.

Т. Ајтовски

 

{fshare}

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

https://www.youtube.com/watch?v=SOGPHk_boKc

{backbutton}

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Кочани во тишина и солзи – една година од трагедијата во „Пулс“ во сеќавање на 63 недовршени соништа
Кочани

Кочани во тишина и солзи – една година од трагедијата во „Пулс“ во сеќавање на 63 недовршени соништа

автор: Т. Ајтовски
16 март, 2026 12:46
0

Денеска Кочани не зборува со зборови, туку со воздишки. Градот на оризот денес е обвиен во тешка тишина, одбележувајќи ја првата годишнина од кобниот пожар во дискотеката „Пулс“,...

прочитај повеќе
На граѓански собир по полноќ пред дискотеката „Пулс“ Кочани им оддаде почит на своите ангели
Кочани

На граѓански собир по полноќ пред дискотеката „Пулс“ Кочани им оддаде почит на своите ангели

автор: Т. Ајтовски
16 март, 2026 03:12
0

Во атмосфера исполнета со тишина и болка, во 02:32 часот по полноќ, пред поранешната дискотека „Пулс“ во Кочани се одржа граѓански собир во спомен на настраданите во трагедијата...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 17, 2026 - вто
Кочани, MK
6°C
облаци
облаци
2 m/s, ESE
83%
762.82 mmHg
tue03/17 wed03/18 thu03/19 fri03/20 sat03/21
облачно
13/6°C
слаб дожд
9/7°C
облачно
10/6°C
слаб дожд
6/5°C
облачно
10/2°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?