Имаме можност да аплицираме за проекти што ќе ја подобрат состојбата во училиштата или во кој било друг сегмент од живеењето на нашите сограѓани. Очекувам нашата соработка да продолжи, асекако да ги зачестиме посетите на Кочани и ќе разговараме и во иднина за вакви и слични проекти, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
Амбасадорката Ханеда рече дека реконструкцијата на училиштетото во Горни Подлог со кој е подобрена енергетската ефикасност е добар пример за успешната соработка. За овој проект јапонската влада донираше над 70 илјади евра со што беше заменета кровната конструкција, се изработи нова фасада, а училниците добија нови прозорци и врати. Соработката ќе продолжи, реча таа.
– Во минатото имавме соработка и неколку донации од Јапонија. Една од нив е во училиштето „Св. Кирил и Методиј“ и во иднина се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи, рече Кеико Ханеда, амбасадорка на Јапонија.
Во рамки на посетата на Кочани, амбасадорката Ханеда присуствуваше и на отворањето на изложбата на јапонска графика „Лебдечки свет“ што попладнево се одржа во Центарот за култура „Бели мугри“.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.