Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли престојуваше во работна посета на кочанскиот регион. Главна цел на посетата беше запознавање со проектите за кои американската влада дала поддршка преку Програмата за меѓународна соработка на УСАИД.
Во рамки на престојот во регионот, амбасадорот Бејли најпрвин ги посети производствените погосвони на компанијата Екстра фунги, каде беше информиран за начинот на работа и капацитетиоте со кои располага фабриката. Притоа тој високо ја оцени определбата на менаџерскиот тим да реализира високи стандарди на квалитет во произивдиството, кое скоро во целост е наменето за извоз на пазарите во Европа и пошрико.
Тој посебно се интересираше за можностите за проширување на производната програма и ресурсите со суровини со кои располага источниот регион од државата. Исто така, беа дадени мислеања и за можностите за унапредување на соработката со нови пазари, како и за дополнително модернизирање и проширување на производствените капацитети.
Амбасадорот Бејли во просториите на Локалната самоуправа оствари посета и со претставници на Советот на Општината, како и со дел од невладиниот сектор во Кочани. Притоа беа престтавени досегашните проекти во кои бил вклучени здруженијата на граѓани, како и можностите за унапредување на соработката.
Во рамки на престојот во Кочани, високиот гостин имаше и работна средба со градоначалникот Илијев и неговите соработници од локалната самоуправа.
Т. Ајтовски
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.