“Амфенол“ е корпорација од Америка која на огромно задоволство на сите одлучи да инвестира и да се прошири во Македонија. На почеток се оформи скромно со само 50 вработени во 2013 година. Со добра организација и менаџирање и цврста идеја за развивање во 2014 година бројот на вработени се зголеми на 515, за во наредната 2015година да се одбележи најголемиот раст во тој поглед и бројката да се зголеми на 1.314 вработени. Со голема посветеност на работата, упорност, јасно поставени цели и мотивирани работници во 2016 година преку стратегија за иден раст се изгради и четвртата зграда со што јасно се виде проширувањето и напредокот на компанијата.
2017 година пак, компанијата ја бележи како доста значајна година во која “Амфенол Технолоџи“ беше рангирана како 25та најуспешна компанија во Републиката со што го доби и официјалното признание за упорната работа. Оваа година “Амфенол“ го одбележува петгодишниот јубилеј заедно со 1.700 вработени и инвестиција од 16 милиони евра.
Сите овие постигнати резултети се само дополнителенмотив за уште подобра и по посветена работа во иднина, рече директорот на компанијата Сашко Наков кој ги поздрави присутните кои беа во голем број во Трговскиот центар во Кочани.
Присутните и вработените ги поздрави и потпретседателот на корпорацијата од Америка, Дејв Силверман.
“Амфенол Технолоџи“ секоја година ги наградува и им доделува благодарници на најдобрите и најуспешните и најлојалните работници. Тоа не го заборави и оваа година кога се одбележува 5 годишниот јубилеј од формирањето на компанијата.
Награди за лојалност и благодарници добија 36 вработени во компанијата, а 8 вработени добија награда за најдобри работници за 2018 година а тоа се Дарко Митревски, Мартин Јорданов, Виолета Кипријанова, Валентина Анчева, Васка Филобок Николова, Иван Митев, Иле Гигов и Весна Додевска.
По доделувањето на наградите роденденската забава продолжи со неколкуминутен огномет и со настап на Влатко Лозановски кој пред кочанци ги отпеа своите хитови.
Т.Велкова
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.