И покрај повременото попуштање на концентрацијата, што на неготинчани им овозможи во еден момент да се приближат на само еден поен, сепак на крајот со борбен напад и цврста одбрана, домашните кошаркари ја обезбедија победата.
Во моментот нашиот кошаркарски третолигаш има 27 бода и е на петтата позиција, едно место зад “Пинк Пантери“ поради полошата кош разлика. Сепак, бодовната разлика меѓу сите пет екипи од врвот е само два бода, што воопшто не е недостижна предност за ниту еден од нив.
Во следното коло, што по двонеделна пазуа ќе се игра на 14 април, “Баскет Дино“ повторно ќе игра на домашен терен, а ќе го дочека токму директниот конкурент, тимот на “Пинк Пантери“. Рапсоредот на колото им оди во прилог на нашите кошаркари кои доколку победат и на оваа средба, ќе се најдат на првото, односно на второто место.
Освен постарите, успех во ова коло имаа и помладите кошаракри на “Баскет Дино“ кои се натпреваруваат во М14 лигата. По минатонедланата победа во Скопје против “МЗТ“, тие осовија нови бодови и на домашен терен против тимот на “Петроски“ од Битола. Битолчани немаа што да бараат на оваа средба со оглед на одличниот напад на домашните, кои на крајот славеа победа од 72:61.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=-5PVXki2yZw
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.