Всушност, треба да се почека на пласманот на екипите кои играат за опстанок во прволигашкото друштво, по што и Кошаркарската федерација на Македoнија би требало да реши дали од догодина публиката во Кочани ќе гледа второлигашка кошарка.
Со оглед што во Првата кошаркарска лига тимот на “Карпош Соколи“ е претпоследен и игра во плејаутот, доколку не обезбеди опстанок ќе мора од догодина да се најде во понизок ранг. Сепак, во Втората лига скопјани веќе имаат своја екипа, па се поставува прашањето дали е можно две екипи со исто име да се натпреваруваат во иста лига. Ако биде решено дека скопјани ќе настапуваат само со една екипа, тогаш тоа ќе значи влез и за “Баскет Дино“ во Втората лига.
Како и да е, пласманот на нашите кошаркари во повисок ранг ќе зависи од играта и пласманот на прволигашот “Карпош Соколи“, но и од натпреварувачката комисија во КФМ. Иако изгледа тешко, сепак не е невозможно конечно кошарката во Кочани да се врати на поголема врата.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=MKnXKeWmzY4
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.





