КЈП „Водовод“ ги известува граѓаните дека без вода за пиење се корисниците од високата зона во Кочани. Причина за прекинот е дефект на главниот цевководот за водоснабдување на потрошувачите од оваа зона.
По пријавувањето на дефектот, екипите на КЈП “Водовод” Кочани излегоа на терен и успешно го лоцираа оштетувањето на цевководот и во тек е санација на истиот.
Поради дефектот водоснабдувањето е прекинато на следните улици: “Пиринска”, “Бел камен”, “Охридска”, “Први мај”, “Марко Цепенков”, а исто така без вода за пиење во моментот се и населбите Бејрут и Калиманова глава.
Се очекува дефектот на цевководот за водоснабдување од висока зона ќе биде саниран брзо, а корисниците повторно да добијат вода во текот на денот.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.