Коалицијата за заштита на децата и Елеуса Фондација стапија во потесна соработка со цел да го донесат пред македонската публика филмот „Што е тоа жена?“ на Мет Волш. Тоа е филм кој е спој на документарец со хумористични нишки, во кој се разработува една мошне современа и значајна тема – што е тоа жена и како се дефинира жената, со посебен акцент на женските права.
Овој филм ни дава пластични примери за последиците од Законот за родова еднаквост – бришење на жената од историјата и нејзино заменување со нешто апстрактно и неодредено. Законот за родова еднаквост моментално е актуелна тема кај нас и бидејќи сметаме дека потребно е секој граѓанин да го изгледа филмот, за да се информира за што станува збор, овозможивме влезот за овие проекции да биде слободен.
Проекцијата на филмот „Што е тоа жена?“ во Кочани е во вторник, 30 мај, со почеток од 19 часот во ЦК „Бели мугри“. Влезот е слободен.
-Коалиција за заштита на децата.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.