Општина Зрновци во соработка со Црвен крст – Кочани ќе спроведе бесплатни гинеколошки прегледи, во што ќе бидат опфатени бесплатен ПАП тест и абдоминален ехо преглед за жени.
Активностите се реализираат во соработка Министерството за здравство и Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари-МАГО, а поддржани од Фондот за население на Обединетите нации -УНФПА и ќе траат до крајот на оваа година во повеќе општини во државата.
Се работи за активности во процесот на превенција и рана дијагноза на рак на грлото на матката кај жени. Прегледот ќе биде спроведен од страна на медицински тим на гинеколози од Скопје.

Мобилната гинеколошка амбуланта во којашто ќе се спроведуваат прегледите ќе почне со работа од 15 октомври, во периодот од 10 до 13 часот, во Венчалната сала во Зрновци. Прегледите се планирани да се спроведат во текот на октомври.
Заинтересираните лица за бесплатен преглед може да се пријават и да се информираат на телефонот 078/397-019, а пријавените дополнително ќе бидат известени за датумот и времето во кое треба да се јават за преглед.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.