Под мотото ,,Не чекај, превенирај! Заедничка борба за женско и машко здравје” денеска Општинската организација на СДСМ – Кочани реализираше бесплатни здравствени прегледи за граѓаните.
Здравствени работници од Општата болница со проширена дејност мереа крвен притисок и шеќер во крвта. Акцијата имаше за цел да ја подигне јавната свест кај граѓаните за редовна контрола од оваа област.
-Денешната инцијатива е по повод машкото и женското здравје. Месец ноември се смета за месец на машкото здравје, па така ние како претставнички од СДСМ – Кочани, денешна наша ативност е за рана превенција за најчестите заболувања кај мажите и жените, а тоа е крвниот притисок и гликемијата. Па така да по овој повод ние денеска ќе бидеме овде, за да на нашите граѓани им направиме основни систематски прегледи и да дадаеме совети како би ги упатиле за нивната здраствена состојба и би и помогнале за рано превенирање на нивните болести, истака Сања Тасова, лекарка на Итната медицинска помош.

Прегледите се реализираа бесплатно, а поради неповолните временски услови акцијата за мерење на шеќер во крвта и мерење на крвниот притисок не се вршеа на првичнат локација во Паркот на Револуцијата, туку кај летната сцена на ЦК „Бели мугри“.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.