Се одржа 48. издание на детскиот поетски фестивал „Мајски цвет“. Организатор беше Библиотеката „Искра“ во соработка со Литературниот клуб „Копнеж“од Кочани. Годинава беа застапени 24 ученици од повеќе градови од државата кои испратиле свои поетски творби . Жири комисијата на фестивалот на најдобрите им додели награди и признанија.
Признанија добија Далиборка Милосјова, професорка по македонски јазик во ОУ „Синиша Стоилов “ од Зрновци, потоа ОУ „Коста Рацин“ од село Подареш, Радовишко, Библиотеката „Браќа Миладиновци“ од Радовиш, Литературниот клуб при Домот на културата „Крсте Мисирков“ од Свети Николе и менторката Тодорка Стоименова од ОУ „Страшо Пинџур“ од Чешиново.
Со трета награда се закитија ученичките Теона Цонева од ОУ „Славчо Стојменски од Виница, Лазар Нацев од ОУ „Синиша Стоилов„ од Зрновци и Мила Митровска од Оу „Магдалена Антова“ Куманово.
Жири комисијата на фестивалот на најдобрите им додели награди и признанија.

Гран-при „Димитар Гогов“ доби Бојана Илиева, ученичка во 9. одделение во ОУ „Страшо Пинџур“ од Чешиново. Добитнички на втора награда се Илина Митева од ОУ „Никола Карев“ од Кочани и Елисавета Китанова од ОУ „Даме Груев“ од Куклиш, Струмичко.
Со трета награда се закитија ученичките Теона Цонева од ОУ „Славчо Стојменски од Виница, Лазар Нацев од ОУ „Синиша Стоилов„ од Зрновци и Мила Митровска од Оу „Магдалена Антова“ Куманово.
Признанија добија Далиборка Милосјова, професорка по македонски јазик во ОУ „Синиша Стоилов “ од Зрновци, потоа ОУ „Коста Рацин“ од село Подареш, Радовишко, библиотеката „Браќа Миладиновци“ од Радовиш, Литературниот клуб при Домот на културата „Крсте Мисирков“ од Свети Николе и менторката Тодорка Стоименова од ОУ „Страшо Пинџур“ од Чешиново.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.