Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Билјана Ванковска на средби со граѓаните на Кочани: Срам за предизборниот процес е отсуството на соочување на кандидатите за претседател

автор: Т. Ајтовски
16 април, 2024 16:27
во Политика
време на читање: 2 мин.
A A
Билјана Ванковска на средби со граѓаните на Кочани: Срам за предизборниот процес е отсуството на соочување на кандидатите за претседател

На непосредните средби што ги имам со граѓаните го претставувам она што може да се каже кога со некого разговарате очи в очи и е дел од мојата предизборна програма, но срам за овој предизборен процес е отсуството на соочување на кандидатите за претседател, истакна кандидатката за претседател од партијата Левица, Билјана Ванковска при денешната посета на Кочани и средбите со граѓаните.

– Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени. Јас се чувствувам како да ме изеде туѓиот срам, а овде првенствено мислам на кандидати кои се доктори на науки, кои се професори, кои меѓусебно се провоцираат и се повикуваат еден на еден на специјални дебати, притоа игнорирајќи ги сите останати. Сите седуммина заслужуваме еднаков третман, еднаква можност пред медиумите, да го кажеме тоа што го имаме во програмите, кратко и во формат што е стандард и за западните земји и за сите демократии. Постојано кажувам и апелирам дека ние сме им должни на граѓаните, затоа што ни дале по 10 илјади потписи и многу повеќе. Очекуваат да нè видат сите, еден спроти друг, со аргументи, со тези, а потоа да ја донесат одлуката за кого ќе гласаат, согласно со сето она што сме го правеле, истакна Ванковска.

Во врска навредите, личните дисквалификации и острите зборови што можат да се слушнат во кампањата, таа нагласи дека не се осврнува на таквото ниво на комуникација, туку се обидува да води позитивна кампања.

-Јас немам машинерија зад мене, нашата кампања е скромна и нашата машинерија е народот, тоа ми го кажуваат обични луѓе. Штом можам без обезбедување, слободно да се прошетам во градовите низ државата, тоа ми е најважно, а другите нека се препукуваат и на секој митинг, како стрини преку плот, си кажуваат неубави работи. Мене и таквите како мене, ме игнорираат, но и јас се однесувам така, освен што ги предизвикувам и им фрлам ракавица, да повелат јавно, МТВ ни ги отвори студијата за да се соочиме до крајот на кампањата, додаде Ванковска.

Во рамки на предизборната кампања во  источниот регион, Ванковска претходно имаше средби и со граѓаните од општина Виница.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: билјана ванковскалевицапретседателски избори 2024

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Во Кочани е отворена Регионална канцеларија за контакт со граѓаните на пратеникот Павле Арсоски од ЗНАМ
Политика

Во Кочани е отворена Регионална канцеларија за контакт со граѓаните на пратеникот Павле Арсоски од ЗНАМ

автор: Т. Ајтовски
30 декември, 2025 13:46
0

Потпретседателот и пратеник на ЗНАМ во Изборната единица 3, Павле Арсоски денеска во Кочани отвори регионална пратеничка канцеларија за контакт со граѓаните. Отворањето на оваа канцеларија е во...

прочитај повеќе
Капацитетот на градинката  „Павлина Велјанова“ надминат за една четвртина, на листата на чекање има уште 150 дечиња
Политика

ОО СДСМ – Кочани: ДПМНЕ ја продолжува партизацијата на институциите, по седми пат исто лице назначено за директор на градинката

автор: Т. Ајтовски
25 ноември, 2025 12:23
0

Почитувани, „новото'' ДПМНЕ продолжува со старата пракса на поставување на кадри со класична  партизација и клиентелистичко однесување. Иако граѓаните очекуваа да се побрза со отворање на новата градинка...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 24, 2026 - саб
Кочани, MK
7°C
облачно
облачно
2 m/s, E
93%
761.31 mmHg
sat01/24 sun01/25 mon01/26 tue01/27 wed01/28
-/7°C
облачно
11/7°C
слаб дожд
11/7°C
облачно
10/5°C
облаци
10/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?