Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Блокадата кон депонијата продолжува – во наредните два дена возилата на „Водовод“ ќе можат да го депонираат отпадот од Кочани

автор: Т. Ајтовски
1 ноември, 2024 19:29
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Блокадата кон депонијата продолжува – во наредните два дена возилата на „Водовод“ ќе можат да го депонираат отпадот од Кочани

Жителите на Кочани и на селото Бели кои од почетокот на оваа недела го блокираат патот кон комуналната депонија за возилата што го транспортираат отпадот, ќе дозволат до понеделник камионите на КЈП „Водовод“ да го депонираат отпадот на депонијата.

Таков заклучок беше донесен вечерва по средбата со општинското раководство, кое дојде на крстосницата кон Бели каде што е блокадата, за да ги соопшти заклучоците од состанокот на Кризниот штаб и Општинскиот совет за превенција, кои одржаа состанок попладнево.

В понеделник попладне градоначалникот Папазов ќе има средба со претставници од Министерството за животна средина, а граѓаните бараат отповикување на одлуката со која отпадот од другите општини се носи во Кочани.

-Сите ние што учествуваме на протестот одлучивме да дадеме на шанса на комуналното претпријатие „Водовод“ во следните 48 часа, од овој момент, да го собере ѓубрето насекаде од градот и околината, каде што има обврска тоа да го направи. Протестот не прекинува, продолжуваме под силен мониторинг на истото тоа третирање и носењето до депонијата. Ќе ја чекаме одлуката на Влада во понеделник. Нашата црвена линија неколку пати сме ја повториле – соседните општини да не го депонираат нивниот смет во нашата градска депонија, ние си имаме градска депонија која не сакаме да стане регионална затоа што сите сме свесни што се преживеавме во последните две години откако со одлука на Владата решиле да ни ја претворат во регионална депонија. Протестот продолжува, истакна Благица Сабовљевиќ Стоименова, учесничка на блокадата.

Претходно, на итниот состанок што градоначалникот Љупчо Папазов го свика со членовите на Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување и на Локалниот совет за превенција, се разгледуваше состојбата со блокадата на регионалниот пат кон Пониква и на Градската депонија кај селото Бели и потенцијалните последици во однос на здравјето и безбедноста на граѓаните.

На состанокот беа повикани и претставници од граѓанските здруженија што ја организираат блокадата на патот.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: депонијапротест

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Заврши проектот за психолошка помош што го поддржа Амбасадата на Германија по трагедијата во Кочани
Кочани

Заврши проектот за психолошка помош што го поддржа Амбасадата на Германија по трагедијата во Кочани

автор: Т. Ајтовски
15 јануари, 2026 13:43
0

Со пригодна свеченост што ја организираше Доброволното противпожарно друштво – Кочани беше означено завршувањето на проектот за психолошка помош за образовната заедница по трагичниот пожар во клубот „Пулс“,...

прочитај повеќе
Јавна поддршка доби иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на трибината што ја организираше Општина Кочани
Кочани

Јавна поддршка доби иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на трибината што ја организираше Општина Кочани

автор: Т. Ајтовски
12 јануари, 2026 22:37
0

Јавна трибина организираше Општина Кочани по иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за изградба на спомен-обележје на жртвите од трагичниот пожар во клубот...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 19, 2026 - пон
Кочани, MK
-2°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, ENE
63%
774.82 mmHg
mon01/19 tue01/20 wed01/21 thu01/22 fri01/23
чисто небо
4/-2°C
чисто небо
4/-1°C
слаб снег
5/0°C
слаб снег
5/3°C
облаци
8/3°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?