Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Блокадата на пристапот кон депонијата продолжува, дел од барањата се исполнуваат

автор: Т. Ајтовски
5 ноември, 2024 13:47
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Блокадата на пристапот кон депонијата продолжува, дел од барањата се исполнуваат

Граѓаните и екоактивистите кои го блокираат пристапот на камионите за собирање и транспорт на отпадот кон градската депонија продолжуваат со протестот и непрекинато, повеќе од 200 часа, го контролираат минувањето на возилата на крстосницата кон Пониква и кон селото Бели.

За да не се злоупотребуваат и извртуваат нивните ставови, додадоа дека нема да даваат поединечни изјави, туку настапуваат колективно и јавноста ќе ја информираат на наменски прес-конференции.

При денешната посета на пунктот каде што се одвива протестот, што ја направи Канал 8 ИПТВ, присутните информираа дека не се откажуваат од своите барања со кои јавноста е веќе запозната, а дел од нив почнуваат и да се исполнуваат.

Според она што може да се забележи на терен, четири од петте барања што се доставени до градоначалникот и претседателот на општинскиот Совет се исполнети или се во фаза на реализација. Од страна на КЈП „Водовод“ обезбедена 24-часовна стражарска служба на влезот на депонијата, која не дозволува пристап за неовластени лица, се работи на расчистување на теренот заради поставување ограда кај главната капија, а потоа и операторот „Ескаватори“ треба комплетно да го огради останатиот дел од просторот. Исто така, се поставуваат столбови со осветлување на сончева енергија, на кои ќе се инсталираат и камери за видео надзор што ќе биде достапен преку мобилен телефон.

За сега неисполнето е првото и главно барање, да се поништи одлуката на Владата со која до изградбата на регионалната депонија кај Свети Николе отпадот од соседните општини Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево треба да се носи на депонијата кај Кочани, со што таа од општинска прерасна во регионална.

Состојбата на депонијата во моментот е драстично подобрена во однос од пред десетина дена, ѓубриштето е расчистено, обезбедени се големи количини земја за затрупување на отпадот, нема чадење, а механизацијата на конзорциумот „Бехтел – Енка“ сѐ уште е на терен.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: депонијакјп „водовод“општина кочанипротест

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Кочани во тишина и солзи – една година од трагедијата во „Пулс“ во сеќавање на 63 недовршени соништа
Кочани

Кочани во тишина и солзи – една година од трагедијата во „Пулс“ во сеќавање на 63 недовршени соништа

автор: Т. Ајтовски
16 март, 2026 12:46
0

Денеска Кочани не зборува со зборови, туку со воздишки. Градот на оризот денес е обвиен во тешка тишина, одбележувајќи ја првата годишнина од кобниот пожар во дискотеката „Пулс“,...

прочитај повеќе
На граѓански собир по полноќ пред дискотеката „Пулс“ Кочани им оддаде почит на своите ангели
Кочани

На граѓански собир по полноќ пред дискотеката „Пулс“ Кочани им оддаде почит на своите ангели

автор: Т. Ајтовски
16 март, 2026 03:12
0

Во атмосфера исполнета со тишина и болка, во 02:32 часот по полноќ, пред поранешната дискотека „Пулс“ во Кочани се одржа граѓански собир во спомен на настраданите во трагедијата...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 17, 2026 - вто
Кочани, MK
6°C
облаци
облаци
2 m/s, ESE
83%
762.82 mmHg
tue03/17 wed03/18 thu03/19 fri03/20 sat03/21
облачно
13/6°C
слаб дожд
9/7°C
облачно
10/6°C
слаб дожд
6/5°C
облачно
10/2°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?