Актуелниот градоначалник на Општина Зрновци, Борчо Коцев ја најави својата кандидатура за уште еден мандат на истата функција.
На локалните избори во 2021 година освои 781 глас и имаше разлика од точно 200 гласа пред протвикандидатот Виктор Ангелов. Со тоа ВМРО-ДПМНЕ во оваа општина го продолжи практикувањето на локалната власт, со оглед што и претходниот градоначалник беше од истата политичка опција.

-Довербата е обврска што се гради со дела, чесност, труд и посветеност. Токму со таков пристап, заедно со Вас, граѓаните на Зрновци, чекоревме напред и создававме видливи резултати. Благодарност до Советот на Општина Зрновци, до тимот на Локалната самоуправа, до приватниот сектор, земјоделците, младите, учениците, студентите, спортистите, пензионерите – секој успех е заеднички. Решивме децениски проблеми, реализиравме низа важни проекти, инфраструктура, социјални услуги, образовни и земјоделски програми, културни и спортски настани. Сето тоа со јасна визија: модерна, развиена и достоинствена општина Зрновци, но нашата работа не застанува тука. Влегуваме во нова фаза со уште повеќе енергија, проекти и стремеж за подобро утре за секој жител, посетител и инвеститор во општината, истакнува Коцев во најавата за својата кандидатура.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






