Владимир Грчев, ученик во осмо одделение во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ од Кочани освои бронзен медал на 16. Балканска јуниорска олимпијада по информатика, што се одржа во Струмица.
Признанието му беше доделено денеска, на последниот ден од натпреварот, а заедно со уште петмина натпреварувачи Грчев беше дел од македонскиот тим, кој беше поделен во две екипи.

Организатор на Олимпијадата беше Здружението на информатичари на Македонија, со поддршка од Здружението „Бистри умови“ од Кочани.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.