Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Буџетот на Општина Кочани за 2024 усвоен, локалната власт без одговор на прашањата од советниците

автор: Т. Ајтовски
27 декември, 2023
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Буџетот на Општина Кочани за 2024 усвоен, локалната власт без одговор на прашањата од советниците

Советот на Општина Кочани ја одржа 39. седница, последна за тековната година и на која меѓу другото беше усвоен предлог-буџетот за наредната година и одлуката за негово извршување.

Со оглед што на седницата немаше образложение за годишниот финансиски план, од податоците што ги достави општинската админстрација може да се констатира дека вкупните приходи за наредниот едногодишен период се планирани на близу 744 милиони денари, што претставува зголемување од скромни 5 отсто.

На седницата имаше забелешки дека предложениот буџетски документ нема да обезбеди развој на општината, при што беа поставени низа прашања како локалната власт планира да ги реализира ветените проекти.

-Предизборно имаше ветувано дека ако стане градоначалник Љупчо Папазов ќе обезбеди катна гаража, а сега во буџетот за 2024 ја нема, ниту ја имаше во буџетот за 2023 година. Дали Општината има и зошто нема обезбедено средства за покриениот пазар, градоначлникот снимаше и спот дека ќе имаме европски пазар и граѓаните можат слободно да влегуваат и да си пазаурваат намирници. Гледам сега во буџетот за 2024 тоа го нема.Требаше да предвидите, но го немате сега во буџетот за Старски дом. И тие пари ги нема за 2024 година. Четврта работа, зошто пак немате планирани средства за иселување на граѓаните од Старата касарна. Тие 16 милиони денари што се пуштени од Министерството за транспорт и врски стојат на наменската сметка, истакна Аки Акиов, член на Советот на Општина Кочани.

-Жално и мизерно е да имаме 9 милиони денари за приовремени вработувања и само 50 илјади денари за поддршка на млади таленти. Недозволиво, трагично, срамно. Буџетот, за жал, од развојна компонента единствено содржи огромна сума, практично половина од парите за развој, што патем се многу мали во однос на вкупниот буџет, ќе оди на крпење улици, значи на мачкање очи пред избори и на ништо друго. Ниту еден развоен проект тука не гледам, истакна Жаклина Филипова Свеќароска, членка на Советот на Општина Кочани.  

-Потполно го разбирам колегата Акиов, неговиот револт, бидејќи сите ние сме разочарани од работата на градоначалникот, највеќе се разочарани тие што го гласале. Јас во овој буџет никаде не најдов нешто од програмата и проектите што беа ветени од градоначалникот. Како политичка партија ќе го поддржиме буџетот за да бидеме конструктивни, меѓуота ова е големо разочарување, и за нас као советници, и за сите граѓани на општина Кочани, вакво неработење мислам дека досега во општината не се случило, истакна Ивана Максимова, членка на Советот на Општина Кочани.

-Нема да го поддржам буџетот затоа што сметам дека е неразвоен и ќе се придружам на острите критики на колегата Аки Акиов, тој е опозиционер, и до другите колеги, ако сметаме дека има многу аномалии во работењето треба сите да реагираме и пожестоко за да направиме притисок, да бидеме констгруктивнио за Општината да работи, истакна Венко Крстевски, член на Советот на Општина Кочани.

-Значи, буџетот е тој. Ако не го гласаме, што правиме? Ќе се распуштиме и ќе одиме на избори. На кои избори и кога ќе одиме на избори? Ќе дозволиме ли Општината да стои во место? Не слушнав ниту еден предлог за овој буџет од сите наши советници, а јас не дадов предлог затоа што видов колку има средства и според мене, доколку не се најдат средства, за што мислам дека наредната година ќе се најдат од фотоволтаиците, ќе можеме да направиме нешто. Каква спортска сала, кога ние не можеме да направиме улици, нов влез, катна гаража, нема средства за тоа. Сега треба ли да ја блокираме Општината и после ние да бидеме причината? Ќе бидеме конструктивни, а народот гледа колку и што се прави и на крај ќе даде оценка на изборите, истакна Ивица Лазаров, член на Советот на Општина Кочани.

На ваквите дискусии немаше одговор од општинската администрација, по што се премина на гласање. Со 16 гласа „за“ и двајца воздржани предложениот текст на буџетот за идната година беше изгласан.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: буџет на Општина Кочанисовет на општина кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Почна реконструкцијата на Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница – Кочани
Кочани

Почна реконструкцијата на Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница – Кочани

автор: Т. Ајтовски
13 јуни, 2025
0

На Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница со проширена дејност во Кочани денеска почнаа градежните работи за реконструкција, со што ќе се обезбедат подобри услови...

прочитај повеќе
Родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“ почнаа да даваат искази во Јавното обвинителство во Кочани
Кочани

Обвинителен акт против 34 лица и три правни субјекти поднесе Обвинителството за пожарот во „Пулс“

автор: Администратор
13 јуни, 2025
0

Обвинителскиот тим кој беше ангажиран во истрагата на пожарот во „Пулс“ го анализирал целокупниот прибран доказен материјал и денеска до Основниот суд во Кочани поднесе Обвинителен акт против...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јун 14, 2025 - саб
Кочани, MK
26°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, WSW
35%
764.32 mmHg
sat06/14 sun06/15 mon06/16 tue06/17 wed06/18
чисто небо
26/19°C
чисто небо
26/17°C
чисто небо
28/18°C
чисто небо
29/19°C
чисто небо
28/20°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?