– Пензионерите кои што сакаат да се вакцинираат треба да се јават кај матичниот лекар со чек од нивната пензија, а пензионерите без пензија, со потврда од ПИОМ. Матичниот лекар преку системот „Мој термин“ ќе им закаже термин за вакцинација во Центарот за јавно здравје Кочани или соодветно во некоја од нашите подрачни единици. Активноста ќе се покрива во склоп на Одделението за Епидемиолошка дејност во Кочани, како и во подрачните служби во Виница, Делчево, Пехчево и Берово. Вакцинацијата не е задолжителна, но ја препорачуваме за лица над 65 години, како и за другите со хронични болести, но и здравствени работници и други лица во здравствен ризик. За сите останати лица, кои сакаат да се вакцинираат, можат да се вакцинираат во Центрот за јавно здравје, без закажување, а цената за нив е 650 денари, рече Васил Пендевски, в.д директор на Центар за јавно здравје Кочани.
Од набавените 3.100 вакцини, за оштините Кочани, Чешиново – Облешево и Зрновци има 1.200 од кои 900 се бесплатни и 300 комерцијални. За Виница 450 бесплатни со 120 комерцијални. За Пехчево и Берово 550 бесплатни и 140 комерцијални и за општините Делчево и Македонска Каменица 500 бесплатни и 140 комерцијални.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.