Кочанецот Вангел Тркаљанов и неговиот клупски колега Зоран Јовановски, придружувани од тренерите Јане Стефанов и Петар Илев, се на петдневни подготовки во ски кампот за параатлетско скијање во Каунертал во Австрија.
Во кампот тие имаат секојдневни тренинзи и кондициско-тактички подготовки за учество на претстојната слаломска трка што на 7 декември ќе се одржи во Zeurs, Австрија.
Трката е во организација на Меѓународната скијачка федерација – ФИС и на истата за првпат во македонската историја на параалпско скијање ќе учествуваат и наши скијачи.
Подготовките на Тркаљанов и Јовановски се со поддршка од Скијачката федерација на Македонија.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.