Локалната самоуправа на Зрновци се вклучува во активностите за дезинсекција, во чии рамки ќе спроведе прскање против комарците од земја.
Третманот против возрасни форми на комарци ќе се реализира вечерва, со почеток од 22 часот, а ќе биде опфатена површина од 60 хектари.
Прскањето ќе биде на територијата на трите населени места Зрновци, Мородвис и Видовиште, а од Општината апелираат пчеларите да ги преземат потребните мерки за време и после третирањето.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.