Планинарите од ПСК “Осогово” изминатиов период целосно ја исчистија, трасираа и маркираа патеката со повеќе ознаки. Истата е безбедна за планинарење, а воедно долж патеката попатно има повеќе места за одмор, како и вода за пиење.
Со маршот всушност ќе се промовира оваа планинарска патека, а воедно љубителите на планините ќе можат одблизу да се запознаат со убавнитите што ги нудат Осоговските Планини и живописната природа.
Поѓањето на маршот е в недела во 7ч. од манастирот „Св. Пантелејмон“, а за учесниците е обезбеден традиционален планинарски ручек во манастирскиот комплекс.
Клубот има обезбедено и превоз од Кочани до Пантелеј, а поаѓањето е од плоштадот во Кочани во 6 часот.
Петровденскиот планинарски марш традиционално се организира 11-та година по ред на различни планински патеки на Осоговските Планини.
И. Матеничарски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.