Исто така, кампот има еколошка цел и ќе ја поттикнува свеста кај помладите за зачувување на природата и нејзините убавини кои во Македонија се со непроценлива вредност.
Обуката опфаќа теоретски и практичен дел. Дел од теоријата ќе учи преку игри, а предавањата ќе ги држат врвни и искусни планинари. Ќе се учи палење на оган, врзување на јазли, подготовка за на планина, потребна облека и обувки во зависност од временските услови, ќе се изучува ориентација, маркација, прва помош, опасности во планина, ќе се изучуваат и флората и фауната што се застапени во Македонија, метеорологија, тренинг итн.
Право на учество имаат млади на возраст од 12 до 19 години, членови на планинарски клубови членки на ФПСМ. Кампот започнува в петок 17 јуни, а организаторот обезбедува храна и сместување за секое дете. Бројот на учесници е ограничен, а за секое дете учесник потребно е да се достави потврда од матичен лекар за здравствена состојба, а родителите да потпишат согласност за учлество.
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.