Градоначалникот на Банско, Ѓорѓи Икономов средбата во Виница ја искористи и за проширување на соработката во областа на гасификацијата.
– Општина Виница има локација за гасна станица, предвидени се вакви проекти, мораме да ги видиме законите кои се предвидени од наша страна, до крајот на оваа година треба да се изгради гасоводот до Штип, се надеваме дека следната година ќе има крак до општинте Кочани и Виница, додаде Димитров.
Виница и Банско како збратимени општини веќе имаат позитивни искуства во реализација на заеднички проекти од областа на туризмот, со кој пред неколку години беше подобрена инфраструктурата на Виничко Кале со асфалт и осветлување.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=PG_PFjNWyiE
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.