Осмоодделенецот Владимир Грчев од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ е дел од македонскиот тим на 16. Балканска јуниорсла олимпијада по информатика, што од 25 до 28 ноември ќе се одржи во хотелот „Сириус“ во Струмица.
Заедно со уште пет млади македонски информатичари, кои како домаќини се распоредени во два тима, ќе ги одмери знаењата и вештините со своите врсници од соседните земји.
Организатор на Олимпијадата е македонското Здружение на информатичари, со поддршка од Здружението „Бистри умови“ од Кочани и неговата претседателка Анита Атанасова – Грчев.
Како поддршка за младите информатичари од „Бистри умови“, компанијата „ИНТ Трејд“ ДООЕЛ од Кочани донираше два лаптопи, со што уште еднаш покажа дека е општествено одговорна фирма. Компјутерите ги прими Владимир Грчев, како претставник на македонскиот јуниорски информатичарски тим.
Останатите 4 лаптоп компјутери за натпреварувачите ги обезбеди Здружението „Бистри умови“ во соработка со Здружението на информатичари, што значи дека сите македонски претставници ќе бидат наградени со по еден лаптоп.
Покрај подготовките и учеството на Олимпијадата, Здружението „Бистри умови“ на почетокот на ноември почна со реализација на бесплатните курсеви по математика и информатика за учениците од целата држава, што ќе се реализираат во наредните неколку месеци.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.