Дали по легендарната изјава на вашата сопартијка и пратеничка Мира Стојчевска, дека покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди најсиромашните затоа што немаат автомобил, најдовте начин да ги погодите и овие категории на наши сограѓани па им го укинавте градскиот превоз.
Со укинувањето на јавниот градски превоз последните седмици сведоци сме на зголемен сообраќаен хаос во градот. Исто така можеме да забележиме зголемен број на т.н. „диви таксисти” кои непречено ја користат ново настанатата ситуација со градскиот превоз, а Вие Господине Илијев и овде покажувате тотална незаинтересираност да се справите со проблемите.
И конечно, Господине Илијев дали чувствувате барем малку одговорност и дали ќе соберете сила да се извините на граѓаните заради Вашата неспособност да го одржите јавниот градски превоз или пак во дополнение на стилот на Мира ќе кажете дека јавниот градски превоз не ги засега најбогатите, а освен таа елита другите и не ве интересираат многу?
Почитувани,
На Кочани не му се потребни нови дополнителни катастрофални чекори на локалната власт предводена од СДС, доста е со изговори и доста е веќе со оправдувања.
Почнете еднаш да работите, бидејќи ако не знаете вие, има кој знае, рече Миле Лефков, претседател на ОК ВМРО – ДПМНЕ Кочани.
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.