– Ваквиот начин на комуникација, како и нападите на секој оној кој ќе се осмели да ги посочи реалните пропусти во работењето на оваа власт не водат никаде. Она што е суштина на ова обраќање, е дека сите треба да се држиме до принципот на јавност, вистинитост и реална информираност. Токму фактите и аргументите треба да бидат изнесени и во периодот кој следи се до денот на референдумот, се со цел да се пренесе вистината и реалноста во која живееме.
Мора да се изнесе фактот дека со цел да се побара поддршка од граѓаните за лошиот договор со Република Грција за кампањата на владата и успех на референдумот од 30-ти септември излегуват одредени тези кои се однесуваат на земјоделието и земјоделците. Изјави и тези со кои на земјоделците им се ветуваат пари од ЕУ се далеку од реалноста. Пресметката на буџетот што една држава го добива од заедничкиот буџет на ЕУ се базира на пресметка од вкупните земјишни капацитети, но и од позицијата и состојбата во која се наоѓа земјоделието.
Во каква состојба се донесе нашето земјоделие ако се имаат во предвид потфрлањето на институциите и аферата со ГМО семето, преполовениот пласман, ниските откупни цени како и земјоделски површини кои се под директно влијание на градската депонија во Кочани, чие загадување го гледаме секојдневно а влијае негативно како на здравјето на граѓаните така и на квалитетот на земјоделските производи. Да бидеме реални и да им кажеме на граѓаните дека со вакво владеење и ваков однос кон земјоделието и заштита на животната средина, може да се очекува дека буџетот од ЕУ фондови кои ќе го добијат земјоделците од Македонија може да биде дури и помал од буџетот за поддршка на земјоделието што Македонија го има години наназад.За покривање на катастрофалното владеење на СДС свесно се врши злоупотреба на Европската Унија и на нејзините политики, односно во овој случај на заедничката земјоделска политика на ЕУ. Ова се факти, заврши во својата прес конференција претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани Миле Лефков.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.